Капитал на отворањето на новиот логистички центар на DHL Express во Брисел
Објавено на од во луѓе и компании

DHL-1 WEB 958Ексклузивно

DHL Express, водечката светска компанија за курирски услуги, односно брза испорака на пратки од врата до врата, ја пушти во употреба својата најнова инвестиција: ултра – модерен логистички центар во Брисел, вреден 140 милиони евра, со капацитет на процесирање од 42.000 пратки на час. Од овој центар во Белгија, меѓу мноштвото земји од светот и Европа, ќе се доставуваат пратки и до Македонија, а Капитал, како единствен поканет медиум од земјава преку локалната испостава на DHL во Скопје, имаше ексклузивна прилика да присуствува на свеченото отворање на овој центар (hub) и да се увери како изгледа совршено организиран логистички капацитет во сопственост на групацијата Deutsche Post DHL, којашто има преку 57 милијарди евра годишен приход.

 

DHL Express, водечката светска компанија за брза испорака на пратки го отвори пред неколку дена во Брисел својот нов логистички центар, еден од петте најголеми во светот. Новиот ултра модерен логистички центар е инвестиција вредна преку 140 милиони евра, лоциран во кругот на бриселскиот аеродром и има капацитет за обработка на 42.000 пратки на час, што е четири пати повеќе во однос на претходниот објект, којшто исто така бил отворен во Брисел пред триесетина години. Од Брисел, пратките може да бидат праќани понатаму во било која земја до Европа, но и директно во Северна и Јужна Америка, Блиски Исток и Африка. Околу 50-60% од сите пратки што пристигнуваат во Брисел, всушност се препраќаат понатаму до крајна дестинација надвор од Белгија.

“Бриселскиот логистички центар е еден од нашите најголеми во светот и заради својата локација во трговско – логистичкото срце на Европа, има клучна улога во поврзувањето на компаниите од овој регион со светот. DHL ќе продолжи со своите инвестиции и понатаму, зголемувајќи го нивото на квалитет и задоволството на нашите клиенти, истовремено грижејќи се тој раст да е во согласност со нашите цели за зачувување на животната средина.“, рече главниот извршен директор на DHL Express, Кен Ален, на прес конференцијата по повод свеченото отворање на новиот објект.

Новиот логистички центар на DHL Express беше свечено пуштен во употреба во присуство на околу 200 високи гости од белгиските и европските бизнис и политички кругови – министри од белгиската влада, познати бизнисмени, инаку големи клиенти на DHL, топ менаџментот на самата компанија на чело со главниот извршен директор Кен Ален и др. Капитал имаше ексклузивна можност како единствен медиум од Македонија, на покана од ДХЛ Скопје, да присуствува на овој настан во Брисел.

DHL-1 WEB 958 frejmЗголемен капацитет со заштеда на енергија

Домаќините од DHL Express, покрај извонредно организираната свеченост во рамки на самиот објект, нè прошетаа нас, група од 50-тина новинари од цела
Европа, низ новиот логистички центар, да се запознаеме со неговите можности. А, тие се повеќе од импресивни, особено за некој што доаѓа од земја како Македонија, каде што и операциите на DHL, како и нивните најголеми конкуренти, исто така присутни на македонскиот пазар, се неспоредливо помали од она што се случува во Брисел, којшто е еден од најголемите транспортно – логистички средишта на Европа.

Распространет на преку 90.000 м2 површина, од коишто 31.500 м2 се магацин и 5.000 м2 канцелариски простор, новиот логистички центар на DHL Express во Брисел вработува 1.200 луѓе, коишто, како што споменавме погоре во текстов, можат да процесираат 42.000 пратки на час. Во тоа им помага автоматски систем за обработка на пратките којшто помага сето она што доаѓа со авионите на DHL, на крајот да се најде во камионите што треба да ги дистрибуираат понатаму во Белгија, или пак во други земји. Објектот има 60 пункта за товар/истовар на камиони со пратки, и 26 пункта кај што се полнење/празнење на авиони. Дневно, 42 пати авионите со препознатливата жолта боја и црвено лого на DHL слетуваат или полетуваат од Бриселскиот аеродром, a околу 350 пати се довезува или одвезуваат пратки со камионите и останатите товарни возила на компанијата.

“Иднината припаѓа на трговијата преку интернет, а ние како компанија за брза испорака на пратки играме клучна улога во овој процес. Луѓето нарачуваат онлајн сè повеќе работи секојдневно, и сакаат да им стигнат дома за што пократко време. Меѓународната испорака на онлајн нарачани пратки од бизниси кон потрошувачи порасна на повеќе од 20% од вкупните испораки на DHL Express. Истиот потенцијал постои и за раст на испораката на онлајн нарачани пратки од бизниси кон бизниси, а ние со постојаните инвестиции во нови логистички капацитети и иновативни технолошки решенија, сме спремни да им помогнеме на компаниите да се прошират многу подинамично во сферата на е-трговијата.“, изјави Џон Пирс, главен извршен директор на европските операции на DHL Express.

DHL, како што истакнаа и топ менаџерите на презентацијата на новата инвестиција, но и на глобалниот бизнис на компанијата, се грижи и за еколошките аспекти на своето делување преку т.н. GoGreen концепт, па така, во објектот во Брисел се инсталирани резервоари за собирање на дождовницата, со капацитет од 300 м3, која што подоцна се користи за потребите на самиот центар. Целиот капацитет е осветлен до LED светла, со што вкупната потрошувачка на објектот е намалена за 20%. Вкупната емисија на ЦО2 на овој објект е намалена за 768 тони годишно, благодарение на поефикасните техники на сортирање на пратките и подобрата изолација.

Силен раст на перформансите на DHL Express

bdr

Менаџер во DHL Express им објаснува на новинарите од Европа како функционира новиот логистички центар во Брисел

DHL Express, којашто го отвори новиот логистички центар во Брисел, е всушност дел од големата групација на Deutsche Post DHL, каде што влегуваат уште неколку компании со DHL предзнакот – DHL Parcel & eCommerce , DHL Global Forwarding, DHL Freight и DHL Supply Chain, коишто се лидери во областа на испораката на пратки нарачани онлајн, во глобалниот транспорт на стоки, како и комплетна услуга во рамки на синџирите на снабдување во светот.

Инаку, Deutsche Post, односно Германската пошта, е компанија мајка на DHL, откако последниве 20-тина години, постепено ги купи сите акции на DHL, којашто е компанија формирана во САД во 1969 година. Deutsche Post и самата почна со процесот на приватизација во 1995 година, и денес е акционерско друштво со преку 424.000 вработени и годишен приход од преку 57 милијарди евра. Само DHL Express има околу 90.000 вработени и годишен приход од 13,7 милијарди евра, остварен со операциите во 220 земји и територии.

“Столбовите на нашиот успех се мотивираните вработени, извонреден квалитет на услугата, што на крајот ни носи лојални корисници“, истакна на свечената промоција на новиот логистички центар во Брисел, првиот човек на DHL Express, Кен Ален, којшто е на оваа извршна позиција веќе 10 години.

Тој објасни дека главниот продукт на компанијата е т.н. TDI – Time definite international, односно, услуга со претходно договорен рок за испорака на пратките од врата до врата насекаде во светот. Во моментов, DHL држи најголем дел, 38% од TDI испораките на светско ниво, пред конкурентите FedEx со 24%, UPS со 22%, итн. Тоа е пазар што во 2017 година “тежел“ преку 24 милијарди евра глобално.

“Во овој клучен дел од нашиот бизнис покажуваме извонредни резултати – просечниот број на испораки во еден ден ни порасна за 9,6% заклучно со третиот квартал во 2017-та, приходите ни се зголемија за 10%, на 11 милијарди евра, а добивката пред оданочување за 11,4%, на 1,49 милијарди евра“, не го криеше задоволството Кен Ален, на конференцијата за новинарите.


Лична карта на DHL Express

  • DHL-1 WEB 958 01Седиште: Бон, Германија
  • Приходи:13,7 милијарди евра
  • Испораки: 347 милиони
  • Мрежа: 220 земји и територии / околу 500 аеродроми опслужувани годишно
  • Глобални центри (hub – ови): Синсинати, Хонгконг, Лајпциг 
  • Главни регионални центри: Амстердам, Бергамо, Брисел, Копенхаген, Ист Мидлендс (В.Британија), Франкфурт, Лондон, Мадрид, Марсеј, Париз, Виториа, Бангкок, Шангај, Сингапур, Бахреин, Дубаи, Лагос, Мајами, Панама сити
  • Капацитети: околу 1.500
  • Сервисни пунктови: повеќе од 50.000
  • Авионска флота: повеќе од 250 летала
  • Број на летови: околу 2.470 на ден
  • Број на возила: околу 31.000
  • Вработени: околу 90.000

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×