„Капитал“ по четврти пат избран за „супербренд“ во Македонија
Објавено на од во Компании

Супербрендс е најголемиот независен арбитер за брендирање во светот, кој ги одликува најсилните и највлијателните светски брендови преку своите публикации и национални маркетинг програми.

Superbrends nova

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

“Капитал“ магазинот по четврти пат го доби признанието „супербренд“ од страна на организацијата „Superbrands International“ на свеченото доделување на овие признанија за македонскиот пазар, што се одржа вчера вечер во Скопје. „Особено ми е драго што повторно го добивме ова престижно признание, и тоа  на почетокот од годината во којашто славиме голем јубилеј, 20 години од постоењето на ‘Капитал’. Две децении во коишто и самиот магазин учествуваше во откривањето, промовирањето и градењето на успешните бизнис приказни што прераснаа во македонските ‘супербрендови’ денес. Капитал не застанува тука, следуваат неколку новитети следниот период“, рече Игор Петровски, уредник во „Капитал“.

Супербрендс е најголемиот независен арбитер за брендирање во светот, кој ги одликува најсилните и највлијателните светски брендови преку своите публикации и национални маркетинг програми. На вчерашниот настан  признанието  Superbrand 2017/2018 го добија уште дваесетина брендови, компании и медиуми, меѓу кои Аксент, Витаминка, Еурофарм, Брансис, Стоби флипс, Витанез, ТВ24, Еден на еден, Коузон и др. За првпат беше доделена наградата “супербранд“ и на личност со посебни заслуги за уметноста и културата, што ја доби македонската оперска дива Весна Ѓиновска – Илкова.

„Супербрендс е глобална организација која ја промовира дисциплината на брендирање. Започнавме програми во повеќе од 90 земји, вклучувајќи ги и сите клучни глобални пазари. Работевме со околу 17 000 главни брендови низ 400 поединечни публикации“, рече Зоран Саздовски, директор на Superbrands International за Адриа регионот.

Superbrends 2

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Тој истакна и  дека статусот „супербренд“  ја зајакнува позицијата на брендот, му додава престиж и го поставува високо над своите конкуренти. „Само брендови кои се високо оценети од страна на стручната комисија на Супербрендс и на кои преку други истражувања им е доделен статусот на Супербренд се поканети да се приклучат на нашите програми.

Стручиот совет на Супербрендс се состои од експерти и еминентни индивидуалци од светот на брендирање, рекламирање, маркетинг, дизајн, производен менаџмент, односи со јавност и бизнис.“, објасни Саздовски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×