Капитол мол слави три години од отворањето
Објавено на од во Компании
“Веќе 3 години се водиме од премисата дека шопингот не треба да е обврска, туку задоволство“, велат од менаџментот на Капитол мол. 
3S3A2431

 

 

 

 

 

 

 

Капитол мол во Скопје прославува три години од отворањето, а денеска е  последниот ден од роденденската прослава. Изненадувањата, забавата и попустите не застануваат веќе 3 дена и ги има на сите3 ката, велат од управата на молот. Центарот за сите посетители организираше настапи на Brass Brothers, Sarah Mace, DjКире, DjМац, DjСиниша и забавата ќе продолжи со DjПанчо и Димитар Андоновски.

„Искуствата кои ни ги пренесоа посетителите овој викенд зборуваат за исклучителната потреба шопингот да биде забавен и опуштен. Нас не радува овој факт затоа што веруваме во истото и поради тоа секој настан кој го организираме е фокусиран кон овозможувањето на незаборавно шопинг искуство. Веќе 3 години се водиме од премисата дека шопингот не треба да е обврска, туку задоволство. За нас, и за сите кои нè посетуваат, Капитол е место во кое секој може да си ги задоволи потребите и да ужива во бројните придобивки кои ги нудиме заедно со нашите соработници. Нашата мисија е да придонесеме  кон задоволувањето на вкусот на сите наши посетители.“, истакнаДаниела Адемоска, сопственичка и генерален директор на Капитол Мол.

3S3A3605

 

 

 

 

 

 

 

 

Таа им се заблагодарува на сите посетители за тоа што сите заедно го прославија роденденот и им порача дека поради нив ќе продолжат со исто темпо да ги задоволуваат нивните барања и потреби, бидејќи тие, посетителите, ги мотивираат во исполнувањето на нивната мисија.

За роденденот Капитол мол приреди многу изненадувања за сите генерации, вклучувајќи ги и најмалите. Тие играа, пееја, учеа англиски и музика, се забавуваа, се натпреваруваа во куглање и креираа честитки.Најдобрите креации добија занимливи подароци и награди. Роденденот на центарот беше одлична пригода за шопинг исполнет со попусти и забава пред новогодишните празници, истакнуваат од Капитол мол.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×