Каракачанов: ВМРО ја напушта власта ако ја поддржиме Северна Македонија за членство во ЕУ
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Вицепремиерот на Бугарија, Красимир Каракачанов е категоричен дека Бугарија во оваа фаза не треба да даде зелено светло за отпочнување на преговори.
Каракачанов-11„Бугарскиот кабинет треба да излезе со цврст став дека нема да го поддржува членството на Северна Македонија во ЕУ“, ова го побара Вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов.
Тој постави ултиматум дека ако тоа не се направи, неговата партија, ВМРО, е подготвена да ја напушти власта.
Причината, според него, е неисполнувањето на договорот за добрососедство од страна на Северна Македонија во делот на расчистување на случаите во нашата заедничка историја.
Каракачанов е категоричен дека во оваа фаза Бугарија не треба да даде зелено светло за да започне преговори се додека „не бидат расчистени сите фалсификати на историјата на бугарскиот народ во Северна Македонија“.
„Единствената правилна одлука е да се донесе одлука на Министерскиот совет. Ние проценуваме дека Северна Македонија не сторила доволно за спроведување на договорот меѓу двете држави и затоа нема да го поддржиме “, рече Каракачанов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×