Карамарко бил во конфликт на интереси, одлучи надлежната Комисија на Хрватска
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Првиот потпретседател на Владата на Хрватска и шеф на партијата ХДЗ, Томислав Карамарко, бил во конфликт на интереси, едногласно одлучи надлежната Комисија.

Заклучоците на Комисијата за утврдување конфликт на интереси на јавноста ѝ беа презентирани скоро два часа, и според нив Карамарко ги повредил начелата на дејствување и бил во конфликт поради деловниот однос меѓу неговата сопруга и пријателот – советник на унгарската нафтена компанија МОЛ, Јосип Петровиќ.

Се очекува Карамарко денеска да поднесе оставка во Владата, што би можело да биде прв чекор во разрешувањето на повеќенеделната политичка криза во Хрватска.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×