Карл Ајкан – нов милијардер во тимот на Трамп
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, го именуваше Карл Ајкан, еден од најбогатите Американци, „ветеранот од Волстрит“, за специјален советник за прашањата на регулативната реформа.

Се проценува дека богатството на Ајкан, кој е долгогодишен поддржувач на Трамп, е над 16 милијарди долари.

Трамп соопшти дека 80-годишниот Ајкан, еден од водечките американски инвеститори, „не само што е одличен преговарач, туку и некој кој е природно способен да ја предвиди иднината, особено кога станува збор за финансиите и за економијата“.

Во тек на предизборната кампања, Трамп повеќе пати вети дека ќе го намали бројот на владини регулативи за сопствениците на американските компании, а Ајкан оцени дека американскиот бизнис е „осакатен“ со прописи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×