Карл Билт: Руската црноморска флота издала предупредување за напад
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Воздушната одбрана на руската црноморска флота издала предупредување за напад, објави поранешниот шведски премиер Карл Билт на Твитер.

Некои медиуми пренесоа дека руското Министерство за одбрана издало наредба борбената готовност на црноморската флота да се подигне на највисоко ниво, и оти е издадено предупредување за евентуален напад, зашто е воочено дека воените бродови на коалициските сили за Сирија, предводени од САД, Велика Британија и Франција, запловиле кон Сирија.

„Воздушната одбрана на црноморската флота прогласила предупредување за напад. Позирање? Подготовка? Длабока неизвесност“, напиша Билт кој копретседава со Европскиот совет за надворешни работи.

Американскиот претседател Доналд Трамп, синоќа најави дека „многу брзо“ ќе одлучи како САД ќе реагираат на наводниот напад со хемиско оружје во Сирија, и се закани со можна воена интервенција.

Русија, пак, најави дека ќе предложи во ОН сопствена резолуција за наводниот напад во Дума, како што изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.

Тој рече дека меѓународни експерти од Организацијата за забрана на хемиско оружје треба да го посетат градот што беше најголем меѓу контролираните од сириските бунтовници во Источна Гута, пред офанзивата на сирискиот режим од пред неколку месеци.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×