Карлос Слим е најголем губитник меѓу милијардерите во 2015 година
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Карлос Слим имал тешка 2015 година – мексиканскиот бизнисмен најлошо поминал во споредба со другите кои се на листата 400 најбогати луѓе на светот, пишува Bloomberg. Од почетокот на годината богатството на Слим се стопило за дури 20 милијарди долари, и сега неговите активи се 52,8 милијарди. Акциите на неговата телекомуникациска компанија America Movil SAB се на пат да забележат најголем пад од 2008 година. Проблемите на Слим главно се должат на променетата регулатива во Мексико, која бара неговата компанија да ја дели инфраструктурата со конкуренцијата, откако без ваквата обврска тој доминираше на пазарот за мобилни и за фиксни услуги повеќе од десет години.

Карлос Слим, кој сега падна на петтото место меѓу најбогатите во светот, е сопственик на 57% од America Movil SAB. Оваа компанија до воведувањето на регулациите контролираше 70% од пазарот на мобилни комуникации и 62% од фиксните телефонски броеви во Мексико. Но, по донесувањето на новите регулативи, американска AT&T Inc. ги купи двете главни конкурентски компании на Слим во родната му земја – NII Holdings Inc.’s Nextel и Grupo Iusacell SA. И сега профитот на America Movil падна на 40,3% во последното тромесечие, за разлика од пред една година кога бил 44,8%. Оваа тенденција ќе продолжи и во 2016 година, покажува анализа на Credit Suisse Group AG.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×