Карлос Слим: Трамп е добра вест за Мексико
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Мексиканскиот милијардер Карлос Слим изјави дека изборот на Доналд Трамп за нов претседател на САД може да биде добра вест за Мексико.

На панел со поранешниот градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг, Слим ги отфрли песимистичките прогнози за тоа дека тврдокорните ставови на Трамп за миграцијата и за слободната трговија може да го погодат Мексико.

Слим, еден од најбогатите луѓе на светот, рече дека ако Трамп го оствари своето ветување за ширење на американската економија, за отворање повеќе милиони нови работни места и за намалување на данокот за средната класа, тоа ќе биде „фантастично“ за Мексико, поради тоа што ќе ја зголеми потрошувачката во САД.

Мексиканскиот милијардер оцени и дека ветувањето на Трамп за поголеми вложувања во инфраструктурата значи повеќе работа за Мексиканците, бидејќи нема доволно Американци кои тоа би го работеле.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×