Каталонија веднаш ќе прогласи независност ако успее референдумот на 1 октомври
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Каталонија „веднаш“ ќе прогласи независност ако мнозинството граѓани на овој шпански регион се изјасни за независност на референдумот, соопшти денеска каталонската владејачка коалиција.

„Доколку мнозинството избирачи се изјаснат за каталонска република, очигледно е дека независноста мора да биде прогласена веднаш“, изјави членката на сепаратистичката коалиција што управува со Каталонија, Габриела Сера.

Лидерот на Каталонија, Карлес Пуџдемон, на почетокот на јуни соопшти дека референдумот за независност ќе се одржи на 1 октомври, и покрај противењето на Мадрид.

Пуџдемон рече дека референдумското прашање ќе гласи: Дали сакате Каталонија да биде независна држава во форма на република?

Од шпанската Влада по изјавата на Пуџдемон соопштија дека ќе го блокираат секој обид за натамошен процес кон независност на Каталонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×