Каталонија закажува референдум за независност за 1 октомври
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Претседателот на каталонската Влада, Карлес Пучдемон, денеска објави дека на 1 октомври ќе биде организиран референдум за независност на шпанската покраина и покрај забраната од Владата во Мадрид.

Пучдемон рече дека во согласност со правото за самоопределување на Каталонците ќе им биде поставено прашањето „Сакате ли Каталонија да биде независна република?“.

Тој уште не го потпишал указот за референдумот што Уставниот суд на Шпанија го забрани и што ќе ги доведе во судир со законот сите што ќе учествуваат во неговата организација.

Конзервативната Влада на Шпанија уверува дека нема да биде дозволено одржување на референдумот и оти ќе бидат преземени мерки за истиот да се спречи.

„Додека јас сум премиер тоа нема да се случи“, изјави премиерот Маријано Рахој на 27 мај.

Според последните истражувања на јавното мислење, Каталонците се поделени по прашањето на независноста, бидејќи 44,3% се за, а 48,5% се против.

Но, големо мнозинство од 73,6% поддржуваат референдум. Истиот е поддржан и од организации што не се за независност, како левичарската партија Каталонија за сите, синдикатот, бизнисмените и фудбалскиот клуб Барселона.

Регионот веќе во 2014 година ја отфрли првата забрана и одржа симболичен референдум меѓу Каталонците на кој се изјаснија 2,3 милиони луѓе од вкупно шест милиони со право на глас. Во оваа пригода шест од осум гласачи се изјаснија за независност.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×