Катар вложува 20 милијарди долари за Светското фудбалско првенство во 2022
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Катар сака да привлече повеќе спортски компании и планира да вложи 20 милијарди долари во спортскиот сектор пред Светското фудбалско првенство на кое ќе биде домаќин во 2022 година, изјавил висок катарски претставник.

_104438578_alrayyanstadium_2

Катарскиот финансиски центар (QFC) планира до 2022 година да издаде дозволи за работа на 150 странски спортски компании, изјавил извршниот директор на QFC, Јусуф Ал- Џаида, не наведувајќи ги нивните имиња.

Планот за привлекување на спортски мултинационални компании и комерцијализацијата на спортските услуги е составен дел од стратегијата на развојот во регионалното средиште за спортски случувања во пресрет на Светското фудбалско првенство кое ќе се одржи во Катар 2022 година.

FIFA овој месец воспостави заеднички проект во Катар како би помогнала во организацијата на турнирот.

„Овој момент значаен дел од вредносниот ланец се пренесува во Катар во склоп на подготовките за Светското фудбалско првенство 2022“, изјавил Џаида.

Таа земја е исто така домаќин на овогодинешното Светско првенство во атлетика, настан кој секои две години го организира Меѓународната атлетска федерација.

„Бараме компании за давање спортски услуги, правни, компании за образование и обука, производители на спортска опрема…сé од кластерот на спортски компании кои ќе го сервисираат турнирот во 2022 година“, изјавил катарскиот претставник.

QFC веќе минатата година најави нови поттикнувања, вклучувајќи бесплатен канцелариски простор и почетен капитал, како поуспешно би му конкурирал на соседниот Дубаи.

По зборовите на катарскиот претставник, QFC исто така сака да привлече компании во подрачјата као исламски, технолошки и медиски финансии, како до 2022 година би имала 1000 компании кои работат во овие сектори. Моментално во Катар работат 600 вакви компании.

Градот сака да привлече странски капитал и да го ублажи актуелниот фокус на енергетиката со јакнење на другите сектори, но е соочен со дипломатски и трговски бојкот од Саудиска Арабија, Соединетите Арапски Емирати, Бахраин и Египет кој започна во 2017 година. Овие земји го оптужуваат за поддржување на тероризмот, на што тие негираат.

Џаида истанува дека Катар е исто така во добра позиција да биде алтернатива на Дубаи и да конкурира на актуелните регионални пазари во Кувајт, Оман, Турција и Пакистан.

„Веруваме дека поради геополитичката ситуација се создадоа многу интересни односи помеѓу владата на Катар и оние во соседните држави, а тоа можат да бидат целни пазари за компании кои одлучуваат да ги развиваат своите бизниси во регионот на QFC, додал катарскиот претставник.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×