„Катимерини“: Атина е клучот за проширувањето на ЕУ
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Грција нема да ги блокира амбициите за членство на Северна Македонија и Албанија во ЕУ, но ќе очекува одредени отстапки за возврат, наведува „Катимерини“ пренесувајќи ставови на грчки аналитичари.
kathimeriniВесникот потсетува дека Европската комисија препорача одредување датум за почеток на преговорите за членство на двете земји во ЕУ и дека сега останува Советот на Унијата во октомври да ја донесе конечната одлука за ова прашање.
Извори во Кабинетот на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за весникот изјавиле дека Грција „нема никому да каже „не“, но дека ќе постави свои услови“.
Аналитичарите оценуваат дека ваквиот став значи оти Атина ќе бара од Скопје стриктно почитување на Преспанскиот договор, а во исто време ќе врши притисок врз Берлин да ги прифати грчките барања за намалување на примарните цели на буџетскиот суфицит, наведува „Катимерини“.
Во случајот со Албанија, аналитичарите проценуваат дека Атина ќе инсистира на подобро почитување на правата на припадниците на грчкото малцинство во земјата, во согласност со меѓународните договори и регулативи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×