Катимерини: Постигнат е договор за три поглавја од спорот меѓу Атина и Скопје
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Во три поглавја – за името, за опсегот на употреба и за акронимите, според грчки „Катимерини“, постигнат е договор меѓу Скопје и Атина. Весникот коментира дека преговорите се претвораат во нерешлива загатка и покрај почетниот зголемен оптимизам од Атина, јавува дописникот на МИА од Атина.

Грчката влада, како што пишува „Катимерини“, сега се соочува и со опозициската Нова демократија, која бара промена на Уставот, но „Скопје, преку континуираните интервјуа на премиерот Заев, реагира на можноста за промена на Уставот“.

„Според информациите, како излез од ситуацијата, Атина во меѓународниот договор што ќе се потпише меѓу Атина и Скопје, ако во преговорите има напредок, ќе предложи да е вклучена и една едноставна заложба за измена на Уставот и за „некој вид започнување на соодветните процедури“. Според истите извори постигнат е договор за три поглавја во разговорите. Поконкретно за името, за опсегот на употреба (ерга омнес) и за акронимите“, пишува „Катимерини“.

Според весникот, и покрај потешкотиите што постојат, грчкиот премиер Алексис Ципрас е цврсто посветен на решавање на проблемот, иако знае дека постои опасност за можни проблеми во Владата поради ставот на Панос Каменос.

„Катимерини“ во текстот под наслов „Мините на патот на Ципрас“, ги анализира отворените прашања со кои грчкиот премиер треба да се справи во следниот период – економијата од една и прашањето за името од друга страна.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×