Катимерини: Проблем е и Уставот на Македонија
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Атина е загрижена поради делови на македонскиот Устав, што претпоставуваат „иредентистички цели“, односно, допуштаат присоединување на соседни територии. Ова го објавува Катимерини, цитирајќи извор близок до премиерот Алексис Ципрас.

Текстот на грчкиот весник излезе денеска, пред средбата меѓу Ципрас и македонскиот премиер Зоран Заев, на Светскиот економски форум во Давос.

Катимерини објавува дека проблем, на пример, е членот 49 од Уставот „за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија“. Овој член вклучува и обврска Македонија да „го помага нивниот културен развој и да ги унапредува врските со нив“.

Властите во Грција се загрижени дека промената на македонскиот Устав би одземала многу време, пишува Катимерини.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×