Катица Јанева ќе почне да работи со најдобро индицираниот случај од „бомбите“
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

132804255Откако на специјалната обвинителка Катица Јанева вчера ѝ беше докомплетиран тимот помошници (со 12 члена, наместо првичните 14, колку што таа побара), а претходно доби зелено светло и нејзиниот буџет, и ѝ беа доделни простории за работа, условите за да почне да дејствува се исполнети.  Договорот од Пржино и Законот (популарно наречен) за специјален јавен обвинител, предвидуваат надлежностите на оваа институција да се исцрпат во „гонење на кривични дела поврзани, и кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите (од „бомбите“ на Заев, н.з.)“.

Јанева и нејзиниот тим се очекува да почнат од најзрелиот случај според нивна проценка, односно најдобро индицираниот во содржината/материјалите на „бомбите“.

„Во однос на случаите со кои специјалниот обвинител ќе се зафати, сметам дека ќе зависи од тоа кој од случаите колку е зрел, и, според тоа, колку може да се одработи. Очекувам дека ќе се направи добар план и дека ќе има ефект од тоа“, вели претседателката на Транспаренси Интернешнл – Македонија, Слаѓана Тасева.

Според наведното во нејзиното трето барање (кога Советот на јавните обвинители последен пат остана на ставот дека на Јанева ѝ се доволни седуммина помошници), се сметаше дека таа ќе работи на повеќе од 30 предмети. Вчера, пак, по седницата на која сепак беа избрани уште пет обвинители за нејзиниот тим, претседателот на Советот на јавни обвнители Петар Аневски, рече дека во последниот предлог на Јанева било наведено дека специјалното обвинителство ќе работи на уште поголем број предмети:

„Во овој предлог има наведено дека ќе се сослушуваат или испитуваат многу повеќе лица од она што јас како првично сознание го имав – а тоа е дека се работи за 27 предмети формирани има во Основното јавно обвинителство Скопје и еден предмет во Обвинителството за организиран криминал. (Јанева, н.з.) Наведува дека има уште повеќе предмети и дека веќе заведува нови предмети во уписникот“, рече Аневски.

Јанева во првото интервју што го даде откако беше избрана (за 24 Вести), рече дека не чувствува притисок за ниту еден предмет, и оти ќе пристапува непристрасно, исклучиво според критериумот на струката.

„Секој збор што ќе влезе во специјалното обвинителство ќе биде на адекватен начин анализиран законски, и очекувам голема меѓународна поддршка во откривање на фактичката состојба. Дали тоа ќе му се допаѓа некому или не, тоа ќе оставиме времето да покаже“, рече тогаш Јанева.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×