Катица Јанева се повлече од СЈО, Боки 13 уапсен
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева попладнево соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата. Оставката ќе важи откако партиите ќе договорат нов закон за СЈО и ќе изберат наследник.
катица јаневаКатица Јанева се повлекува од челното место во Специјалното јавно обвинителство. Обвинителката Јанева во изјава наведува дека не сака да дозволи нејзиното име да биде користено за меѓупартиски пресметки.
„Денеска ја користам приликата да ја информирам јавноста дека јас нема да дозволам моето име да биде искористено за нечие алиби со кое во заложништво ќе се држат судбината на Специјалното јавно обвинителство и европските интеграции на мојата земја“, изјави таа.
„Ја депонирам мојата оставка која ќе стане активна тогаш кога политичките партии ќе се усогласат за новото законско решение и ќе го изберат мојот наследник“, пишува Јанева во оставката.
Опозициската партија бараше смена на Јанева во преговорите за новиот закон за Јавното обвинителство и сопирање на сите истраги отворени по 1 јуни 2017 година. Претходно, Јанева најавуваше дека ќе конкурира за реизбор на функцијата, но по ваквиот потег останува мистерија што е причината за промената на ставот.
„Додека можам да бидам специјален јавен обвинител, ќе останам до крај, не поради тоа што сакам, туку затоа што сметам дека заслужувам да бидам на чело на оваа институција“, изјави Јанева во мај годинава.
Премиерот Зоран Заев денеска од прес-конференција, која заврши неколку минути пред објавата на оставката на Јанева, ги покани политичките партии на лидерска средба на која, меѓу другото, треба да се разговара и за Законот за јавно обвинителство.
Паралелно со веста за повлекувањето на Јанева, во јавноста одекна и информацијата за апсењето на менаџерот на 1Тв Бојан Јовановски познат како Боки 13. Според неофицијални сознанија, Јовановски е уапсен поради случај кој против него го води Обвинителството за организиран криминал.
Името на Јовановски веќе извесно време се вртеше во јавноста во врска со наводите за рекетирање на бизнисмени и политичари, а стигна и до Собранието откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, побара од премиерот Заев да го коментира случајот. Заев одговори дека слушнал за случајот и дека од институциите добил одговор оти се води истрага.
Самиот Јовановски во интервју на својата телевизија пред нешто повеќе од две недели демантираше дека рекетирал и дека заедно со Катица Јанева вршеле притисок врз бизнисмени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×