Кавадаречки ИГМ донираше 250 илјади евра и плати однапред 580 илјади евра данок како придонес во борба против корона – кризата
Објавено на од во Компании
ИГМ трејд придонесува со вкупно 833 илјади евра во државниот и општинскиот буџет со цел поголема нивна ликвидност во надминување на последиците од корона – кризата. 
IGM
Го пренесуваме во целост соопштението што ни стигна од кавадаречката фабрика за челични профили  и конструкции ИГМ Трејд во врска со нивниот придонес за надминување на последиците од корона – кризата во земјава.
„Со цел да помогнеме во справувањето со корона вирусот Covid-19 во нашата држава, како општествено одговорна компанија и еден од столбовите на македонската економија, донесовме одлука за обезбедување на следниот пакет помош:
  • Парична донација од 15.375.000 денари (250.000 евра) за потребите на Министерство за Здравство, префрлени на посебна наменска донаторска сметка на Министерството за Здравство на Република Северна Македонија, наменети за сите здравствени институции во државата кои ја водат најтешката борба во услови на глобална здравствена криза.
  • Однапред извршена аконтативна уплата на данок на добивка во износ од 27.913.385 денари (453.876 евра) од кои 6.585.727 (107.085 евра) за 2020 година и 21.327.647 (346.791 евра) за 2021 година, подршка за државниот буџет и зголемување на неговата ликвидност.
  • Однапред извршена аконтативна уплата на данок на имот во износ од 7.995.000 денари (130.000 евра) за Општина Кавадарци, подршка за општинскиот буџет и зглемување на неговата ликвидност.
Со овој пакет помош од вкупно 51.283.385 денари (833.876 евра) сакаме да дадеме личен пример за улогата на корпоративниот сектор во Македонското општество и да ги поттикнеме сите компании во државата да дадат свој придонес во борбата со корона вирусот.
Како компанија ги применуваме сите превентивни мерки доставени  од здравствените власти и од Владата, бидејќи заштита на нашите вработени и на нашите клиенти е наш врвен приоритет, и упатуваме апел до сите граѓани во државата истите да се почитуваат со желби за добро здравје и брзо надминување на кризата.“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×