Казна од скоро милијарда евра за Qualcomm одреди Европската комисија
Објавено на од во hi-tech & business

Европската комисија и Европскиот суд на правдата одлучија остро да ја казнат американската компанија Qualcomm, која ќе треба да плати казна од 997 милиони евра.

Казната е поради практиката на Qualcomm да му плаќа на Apple да ги купува неговите LTE (Long-Term Evolution) чипови, за така да се обезбеди водечката позиција на Qualcomm на овој пазар, на штета на конкурентите.

Оваа практика траела цели пет години, од 2011 до 2016 година, а милијарди долари добивал Apple за да не избере ниту еден друг добавувач на LTE чипови за своите iPhone и iPad уреди. Однесувањето на Qualcomm на останатите компании им оневозможило каков и да е пазарен натпревар, без разлика на квалитетот на нивните чипови.

Казната е 4,9% од приходите на Qualcomm, и би требало да послужи како предупредување и пример за компаниите кои спроведуваат слични практики.

Qualcomm реагираше силно противејќи се на пресудата, и најави жалба. Во ЕК истакнуваат дека за Apple нема докази за недозволени активности.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×