КД Фондови станa дел од Generali Group
Објавено на од во Компании

Словенечката инвестициска куќа КД Фондови има свои операции и во Македонија, а Generali Investments CEE е дел од Групацијата Generali и е најголемата компанија за управување со средства во Централна и Источна Европа со речиси 17 милијарди евра средства на управување.

Generali

 

 

 

 

 

 

 

После постоење од повеќе од четвртина век, КД Фондови станува дел од меѓународната групација Generali. Со основањето на првиот словенечки инвестициски фонд – Galileo, во 1992 година и најстариот хрватски инвестициски фонд KD Victoria, KD Funds стана предводник во индустријата на словенечките инвестициски фондови.

По повеќе од 25 години, КД Фондови, компанија што има свои инвестициски фондови и во Македонија,  станува дел од меѓународната Групација Generali. Generali е независна групација за осигурување и управување со средства, основана во 1831 година, присутна во повеќе од 50 земји, со 71.000 вработени. Во 2017 година таа достигна 68 милијарди евра премии и 487 милијарди евра средства на управување. Според Fortune Global 500 извештајот, таа е една од 60-те најголеми светски компании. Резултатите од индексот произлегоа од анализата на продажбата, профитот, средствата и пазарната вредност. Generali Investments CEE е дел од Групацијата Generali и е најголемата компанија за управување со средства во Централна и Источна Европа со речиси 17 милијарди евра средства на управување.

KD-Fondovi

 

 

 

 

 

 

Покрај тоа што е еден од водечките светски осигурителни компании, Generali е исто така еден од најголемите европски менаџери на средства на управување“, рече Лука Подлогар, извршен директор на КД Фондови.

Станувајќи дел од семејството Generali Investments, KD Funds ќе ја зајакне способноста за спроведување на својата стратегија за раст во Југоисточна Европа, додаде тој.

„Исто така, ќе и овозможи на компанијата да ги прошири своите производи и база на инвеститори, како и да овозможи дополнителни можности за развој на своите вработени. Имаме одличен тим, нудиме напредни и модерни финансиски производи кои постојано се прилагодени на финансиските потреби на пазарот и нашите инвеститори. Долгорочната традиција и знаење на Generali ќе помогне во понатамошното надградување на производите. Нашиот одличен и искусен тим, во кој веруваме, останува ист. Горди сме што станавме дел од меѓународен тим со победнички начин на размислување. Исклучителни можности се пред нас и јас сум убеден дека ќе ги искористиме во корист на нашите инвеститори “.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×