Ќе го доизбере ли Советот на обвинителите целиот тим на Јанева?
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Советот на јавни обвинители денеска во 16 часот ќе одржи седница на која ќерасправа за помошниците јавни обвинители на специјалната обвинителка, Катица Јанева.

Во соопштението од ова тело се вели дека  Советот на јавните обвинители ќе одржи седница за избор на јавни обвинители во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите, односно во Специјалното обвинителство.

Советот претходно изгласа само седум од четрнаесеттепомошници обвинители што ги предложи Јанева, и досега не отстапуваше од ставот дека на специјалната обвинителка ѝ се доволни седуммина од нив за да работи.

Неизбирањето на целиот тим на Јанева е една од спорните точки што ги блокираат преговорите за спроведувањена договорот од Пржино.

Одредени медиуми јавија дека вчера политичките партии договориле наместо уште седум, Јанева да добие уште пет помошници, како и да биде намален буџетот за работа на специјалното обвинителство во следните квартали.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×