Ќе го изгуби ли Tурција членството во НАТО поради руските C-400?
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Апсурдно е да се доведува во прашање членството на Турција во НАТО, поради договорот на Анкара со Москва за набавка на руски противвоздушни системи С-400, оцени турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.

flags-nato-turkeyШефот на турската дипломатија нагласи дека руските системи за противвоздушна одбрана С-400 што ќе станат дел од Вооружените сили на Турција, нема да бидат во колизија со ракетните системи на НАТО.

„Апсурдно е да се доведува во прашање членството на Турција во НАТО, поради договорот за С-400 со Москва“, изјави Чавушоглу во интервју за турската телевизија НТВ.

Осврнувајќи се на заканите и критиките на САД, кои се против зделката меѓу Анкара и Москва, Чавушоглу нагласи дека ако Вашингтон се откаже од договорот за продажба на американски ракети „Патриот“ и ловци Ф-35 на турската Армија, Турција би можела да купи дополнителен број С-400 или некои други системи.

„Турција ќе треба на други места да бара начини за задоволување на потребите за својата одбрана“, истакна Чавушоглу.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×