Скопје-Подгорица: ќе има ли нова авиолинија?
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Градоначалникот на Подгорица и македонскиот амбасадор во Црна Гора ветиле дека ќе се заложат за што побрзо воспоставување на конекција помеѓу двата главни градови. 

Untitled

Во моментов Скопје и Подгорица се поврзани само со индиректни летови, преку Белград, Загреб, итн.

Потребата за директна авио врска помеѓу Скопје и Подгорица повторно е актуелизирана при најновата средба помеѓу градоначалникот на црногорската метропола Иван Вуковиќ  и македонскиот амбасадор во оваа земја, Михајло Трпкоски.

Изминатава недела тие двајцата одржале состанок во Подгорица, и како што известува црногорскиот портал www.cdm.me, било утврдено дека условите за взаемна соработка се многу плодни.

„Односите на Подгорица и Скопје се пријателски, срдечни и многу добри, а како такви се резултат на меѓусебните посети на делегациите од двата града во последните неколку месеци и состаноците на кои се договорени низа конкретни активности од значење за квалитетот на животот на граѓаните и понатамошниот развој на двата града“, истакнал Вуковиќ.

Тој нагласил дека во тој дел треба да се зголемат напорите во институционалниот капацитет за поефикасно јакнење на сообраќајните врски, посебно за отворање авиолинија на релација Подгорица-Скопје, која би била од исклучителна важност за продлабочување на соработката во сите полиња, посебно кога се работи за развојот на бизнисот, отворањето нови работни места, унапредувањето на туризмот и ширењето на културната понуда.

„Во наредниот период треба сериозно да се разгледа можноста од креирање заеднички туристички понуди на земјите од регионот, која несомнено ќе биде од корист во остварувањето на регионалниот туристички потенцијал, како и во привлекувањето на инвестиции и потенцијални партнери  за реализација на планираните проекти“, рекол Вуковиќ.

Амбасадорот е согласен и додал дека авионската линија е една од стратешките приоритети на двете држави, како и дека особено ќе се заложи за овој проект.

Оваа вест се надоврзува на летото минатата 2018 година, кога владите на Македонија, Босна и Црна Гора објавија дека ги финализираат договорите за воведување авиолинија на релација Скопје-Подгорица-Сараево, со што ќе се зголеми трговијата, туризмот и мобилноста на луѓето.

Во таа прилика Заев изјавил дека во проектот е можно да се приклучи и Бугарија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×