Ќе му се повтори ли Nokia на Microsoft со LinkedIn?
Објавено на од во СВЕТ БИЗНИС И ФИНАНСИИ

Mijkrosft-869-01Енигмата на зделката од 26,2 милијарди долари

Microsoft со LinkedIn доби голема социјална мрежа со која може да се брани од освојувачки настроените сервиси на Google, но, нема да биде лесна задача да ја увери бизнис заедницата да не ги користи Facebook или апликациите на Google за/на работа, а уште помалку да ги врати вложените огромни 26,2 милијарди долари. Не влева оптимизам ниту лошата серија купувања од страна на Microsoft, што продолжи по зделката со Nokia, со купувањето од Финците на бизнисот за производство на телефони, од кој гигантот од Редмонд практично се откажа

 

Сѐ уште, и за аналитичарите, не е докрај јасно што точно очекува да добие Microsoft со купувањето на LinkedIn,и како ќе си ја врати инвестицијата. За големите 26,2 милијарди долари Microsoft ќе ја добие најголемата бизнис социјална мрежа со 433 милиони корисници, кои последнава година пораснаа за 19%. Математиката покажува дека во цената за која е купен LinkedIn секој од овие корисници е проценет на 60 долари. LinkedIn има силно присуство и на мобилниот пазар – 60% од корисниците на мрежата пристапуваат преку мобилни уреди. Во компанијата има и раст на приходите последниве години, но мрежата во 2015 година има загуба од 166 милиони долари.

„Со договорот се поврзува водечкиот бизнис „облак“ во светот, со водечката социјална мрежа на бизнис светот“, изјави извршниот директор на Microsoft, Сатја Надела, кога од американскиот софтверски гигант објавија дека е потпишан договор за купување на социјалната мрежа LinkedIn, за сума што значи најголема аквизиција досега за Microsoft (шеста во историјата на секторот за технологија), од 26,2 милијарди долари во готово.

Намерата е Microsoft и LinkedIn да ги здружат силите за побрзо и полесно да го променат/подобрат начинот на кој функционира/работи бизнис светот.

За целта е оценето дека LinkedIn треба да ја задржи препознатливоста на брендот, својата култура и независност, што се покажува и со останувањето на позицијата извршен директор на досегашниот човек на функцијата во компанијата, Џеф Веинер.

„Го променивме начинот на кој светот им пристапува на можностите, а овој однос со Microsoft, и комбинацијата на нивниот облак со мрежата на LinkedIn, нам ни даваат можност да го промениме и тоа како светот функционира“, порача Веинер.

Сатја Надела дополни дека тимот на LinkedIn пораснал, и е фокусиран на поврзување на светските експерти.

LinkedIn на Microsoft ќе му даде поголеми рамки за дејствување кога се во прашање сервисите за социјално вмрежување. Со LinkedIn софтверскиот гигант добива поголема покриеност и потенцијален канал за продажба на повеќе производи кои ги има во понудата, но би можел да понуди и начини за учење на користењето на овие производи и услуги.

Конечниот договор, каков што објавија дека постигнале двете компании, ќе биде заклучен до крајот на годината, за што има поддршка од претседателот на одборот и сопственикот на контролниот удел во LinkedIn, Рид Хофман.

Трансакцијата доаѓа во контекстот кога Microsoft веќе извесно време се обидува да го прошири бизнис фокусот и на сегменти надвор од софтверскиот дел, додека, пак, LinkedIn, бара начин да го засили својот раст.

Но, и покрај сѐ, на многумина им е нејасно како Microsoft ќе успее да ја оправда, односно да ја врати, толку големата инвестиција од 26,2 милијарди долари.

LinkedIn ќе се спаси од проблемот со растот. А Microsoft?

Ценетиот поратал за технологија (и друго) Verge.com напиша дека Microsoft сега добива голема социјална мрежа со која може да се брани од освојувачки настроените сервиси на Google, но, оти нема да биде лесна задача да ја увери бизнис заедницата да не ги користи Facebook или апликациите на Google за/на работа. Пред Microsoft е и тешката работа за интегрирање на LinkedIn во софтверот на гигантот од Редмонд.

Соработникот, пак, на американското издание на Forbes, Питер Коан (бизнисмен и инвеститор) смета дека Microsoft фрлил големи пари во ветар, зашто, помеѓу останатото, ако индустријата на бизнис социјалните мрежи била атрактивна, тогаш LinkedIn, кој во овој дел е неприкосновен лидер, не би имал потешкотии со растот и би бил профитабилен.

Годинава, меѓутоа, пишува Коан во колумната „Четири причини зошто Microsoft фрли 26,2 милијарди долари купувајќи го LinkedIn“, најпознатата бизнис социјална мрежа своите очекувања за раст на приходите ги намали од 35% на 20%, и на чистата добивка од 41% на 7%, прилично под очекувањата на аналитичарите, што ја урна цената на нејзините акции во февруари и го намали за една милијарда долари богатството на основачот на LinkedIn, Рид Хофман.

„И додека зделката сигурно го спасува LinkedIn од големиот проблем со растот што ја намали вредноста на акциите на компанијата во февруари, нејасно е како Microsoft ќе издејствува враќање на тие 26,2 милијарди долари инвестиција“, вели Коан на почетокот на колумната, откако ќе заклучи дека аквизицијата паѓа на четирите тестови за успешност.

Коан смета дека индустријата на бизнис социјални мрежи не е атрактивна, и работи со низок профит. Вториот тест, според него, покажува дека на Microsoft и на LinkedIn во комбинација нема да им биде подобро. „Немам сомнеж дека Microsoft ќе се обиде да ги употреби 433-те милиони луѓе кои имаат профили на LinkedIn за да им продаде ним свој софтвер и услуги, но нема причина за да верувам дека Microsoft го има стратешкото знаење неопходно за да се оживее растот на LinkedIn“, пишува Коен.

Третиот тест, на кој, според него, паѓа аквизицијата, е дека финансиските проекции покажуваат дека Microsoft нема да ја зголеми својата нето вредност со инвестицијата. Четвртиот, пак, покажува колку ќе биде тешко/сложено да се интегрираат двете компании, каде Коен пишува дека Веинер само формално ќе остане CEO на LinkedIn, зашто ќе му одговара на Надела, и дека за прашањата како – дали да претставиме нова услуга, или дали да таргетираме нова категорија корисници, ќе треба да прашува онаму, каде, како што Коен претходно заклучи, се нема стратешко знаење од конкретниот бизнис.

Mijkrosft-869---02
(Не)успешните зделки на Microsoft не се новост

Досега гигантот од Редмонд има купено над 150 компании, но ефектот од сето е во сенката на неуспешните обиди на Microsoft да го прошири бизнисот, напиша Wall Street Journal. Компанијата има среќа што во 2008 година, кога главен извршен директор беше Стив Балмер, пропадна зделката за купување на Yahoo, за неверојатни 48 милијарди долари – проблемите на компанијата чиј CEO уште e Мариса Маер се повеќе од очигледни, а се чини ќе се продаде за многу пониска цена од онаа што во 2008 година бил подготвен да ја плати Балмер.

Последнава лоша серија купувања од страна на Microsoft, што ја става под сомнеж одлуката за преземање на LinkedIn, продолжи по зделката со Nokia. Во 2014 година Microsoft го купи бизнисот за производство на телефони од финската компанија, но до денес веќе практично се откажа од него.

Досега Microsoft отпишал 9,4 милијарди долари од вредноста на поранешните активи на Nokia, со што цената за која ги стекна е надмината за скоро 2 милијарди долари.

Слична е ситуацијата и со стекнатата во 2007 година, за 6,3 милијарди долари, компанија за рекламни истражувања aQuantive.

Microsoft единствено може да се пофали со минимална финансиска корист од купувањето на Skype за 8,5 милијарди долари, и на социјалната мрежа Yammer за 1,2 милијарди долари.

„Многу од големите зделки на Microsoft не проработеа како што се очекуваше. Искуството досега, во најдобар случај, им е измешано“, вели Неераж Агавал од инвестицискиот фонд Battery Ventures.

Сеако, кога веќе се зборува за купување на компании од страна на Microsoft, не може да не се споменат успешните зделки со што компанијата доби продукти и таленти кои значајно придонесуваат за нејзниот успешен развој.

Можеби најдобар пример е купувањето на Mojang во 2014 година, за 2,5 милијарди долари, зашто основниот производ на шведската компанија – играта Minecraft, e една од најуспешните на пазарот.

Позитивни примери не недостасуваат и од времето кога со Microsoft раководеше Бил Гејтс. Развојот на MS-DOS e базиран на работата на купената компанија Seattle Computer Products.

Во 1987 година за 14 милиони долари е купена Forethought, чија програма PowerPoint стана суштински дел од Office пакетот на Microsoft. Во 1997 година е купена и платформата за електронска пошта, Hotmail, која е во основата на сегашните интернет услуги на групата.


Twetter-WEB-869Зделката Microsoft-LinkedIn најави тренд што ќе продолжи со Google-Twitter?

Новоста дека Microsoft го купува LinkedIn најави нови зделки во секторот социјални мрежи, сметаат аналитичарите стручни за овој пазар. Прогнозата на раководителот на одделот за стратегии кај хартиите од вредност во Saxo Bank, Питер Гарнри, е дека Alphabet, холдингот во чиј состав е Google, до крајот на годината ќе ја купи микроблогинг платформата Twitter.

Објаснување за ваквиот евентуален потег на Alphabet се бара во тоа што Google не успеа да се наметне на пазарот и да му конкурира на Facebook со својата социјална мрежа Google Plus. Со Twitter под своја капа, со неговите 300 милиони корисници, ова би можело да се промени. А Twitter и онака е во проблеми, и аналитичарите не веруваат дека компанијата би можела да опстои самостојно на долг рок.

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×