Ќе се бара соодветен термин за попис во 2020 година
Објавено на од во Uncategorized
Премиерот Зоран Заев и директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски следната недела ќе одржат средба на која ќе разговараат за новиот датум за спроведување на Пописот на населението, што треба да се одржи во април догодина, но ќе биде пролонгиран поради предвремените парламентарни избори.
popis-1-37pex95p5bqkhm6k3qo0sg-777x437Заев одговарајќи на новинарски прашања по Конференцијата на Светската царинска органзиација, истакна дека Пописот треба да биде спроведен во 2020 година.
„Следната недела ќе одам на состанок со директорот на Државниот завод за статистика за да ги утврдиме соодветните трермини. Пописот не треба да го одложиме, сите се согласивме на лидерската средба, односно само го споменавме, немаше дебата. Првичните планови беа меѓу 1 и 30 април, секако тој може да се спроведе во мај, може и есента 2020 година, но да не прејудицираме што било да разговарам со директорот, но  не треба да се откажуваме од псроведување попис во 2020 година“, истакна премиерот.
Пописот на населението беше најавен за април 2020 година, но поради договорот од лидерската средба за предвремени избори на 12 април оваа операција не може да се одржи во првично предвидениот датум.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×