Ќе се поттикнува трговската и економската соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија
Објавено на од во Економија
На вчерашната седница Владата го разгледа и усвои Извештајот за извршени преговори со усогласен текст на Меморандумот за разбирање помеѓу Агенцијата за поддршка на претприемништво на Република Северна Македонија и Бугарската агенција за промоција на мали и средни претпријатија при Министерството за економија на Република Бугарија, со цел да се поттикне трговската и економската соработка на двете земји.
Makedonija-BugarijaВо 1997 година, Владата на Република Македонија, со поддршка на програмата PHARE на Европската комисија, ја формирала Националната агенција за поддршка на малите и средните претпријатија – НЕПА.
Во почетокот, НЕПА функционирала во рамките на Агенцијата за приватизација, а во 1998 година добила статус на самостојно правно лице. Финансиската поддршка на нејзината активност главно доаѓала од програмата PHARE, додека средствата од буџетот на Македонија биле скромни. Во 2002 година престанала финансиската поддршка за НЕПА од страна на програмата PHARE, а НЕПА се укинала, т.е. прераснала во Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Македонија (АПП), со функции слични на НЕПА.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×