Ќе се стабилизира ли Турција по гласањето в недела, на втори избори годинава, или набрзо ќе има и трети?
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

turkeyТурците в недела гласаат на втори парламентарни избори во иста година, а во услови на политичка настабилност и зголемени безбедносни закани. Неверицата кај гласачите во однос на понудата на партиите е евидентна и по намалениот интерес за предизборната кампања. Изборите во јуни донесоа поделен Парламент кој не можеше да формира мнозинство за стабилна влада, што доведе и до негово експресно распуштање и распишување нови избори.

Дел од аналитичарите овој дел од политичката нестабилност му го припишуваат на претседателот Реџеп Таип Ердоган, сметајќи дека тој својата амбиција за воведување претседателски систем за зајакнување на неговата моќ ја ставил пред интересите на земјата. Прашањето е дали на изборите во недела Партијата на правдата и развојот ќе освои резултат со кој ќе ги одржи амбициите на Ердоган – оваа партија во јуни го загуби мнозинството во Парламентот по долги 13 години. Во проценти, падот на популарноста на Ердоган одеше од 62% во 2013 година, до 39% според последните анкети. Кај АКП (неговата партија), падот е од 49,8% на изборите во 2011, до 41% во јуни. И овој последен изборен резултат ќе беше доволен за мнозинство во турскиот Парламент, но, изненадувачкиот резултат на Демократската партија на народите (ХДП) во која доминираат Курдите, од 13% од гласовите на Турците, ѝ ги помати сметките на АКП.

Изборите во недела се случуваат во атмосфера на зголемено насилство, откако Курдската работничка партија (ПКК) објави крај на едностраниот прекин на огнот, кој беше прогласен во рамки на мировните преговори што ги иницираше Ердоган додека беше премиер. Досега загинаа стотици турски војници, како и курдски борци и цивили од воздушните напади на турската воена авијација врз позиции на ПКК во северен Ирак. Најкрвав биланс имаше нападот на мировниот собир во Анкара, кога загинаа стотина луѓе, а официјална Турција одговорноста ја префрли на Исламската држава и асоцираните терористички групи.

Анкетите покажуваа дека АКП на претстојните избори може да очекува меѓу 43 и 43,3% од гласовите; социјалдемократската Републиканска народна партија (ЦХП) меѓу 26,1 и 27,%, десничарската Партија на националистичкото движење (МХП) меѓу 14 и 14,%, а ХДП 12,2%. Друга партија нема шанси да го мине високиот изборен праг од 10 %. Според аналитичарите за да се намали поларизацијата во земјата зголемена со растот на насилствата треба да се формира, и тоа брзо, широка коалициска влада, а како најверојатна ја сметаат постизборната соработка меѓу АКП и ЦХП, која секако ќе биде условена со барањата на социјалдемократите за секуларизација на образовниот систем и за судски постапки против лидерите на АКП осомничени за корупција. Ваквата коалиција би значела компромис за Ердоган, односно крај на неговите амбиции за зголемување на неговата политичка моќ. Поради ова (што Ердоган не ја прифаќа новата политичка реалност), а и поради малата веројатност да се договорат поинакви коалиции, дел од аналитичарите се загрижени дека во Турција набрзо може да има и нови, трети избори.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×