Ќе вложам 30 милиони евра во „Белградската индустрија за пиво“
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
„Планот ми  е покрај  БИП да го преземам и хрватски  Бадел  кој што е во проблеми и заедно со Тиквеш  да ги заокружам сите сегменти – од вино, пиво, па до жестоки пијалоци, вели за српски „Новости“ македонскиот бизнисмен Светозар Јаневски,  од неодамна закупец на “Белградската индустрија за пиво“.

 

БИП  пиво ќе им остане на Белграѓаните. Ќе се произведува во нова фабрика според врвни светски технолошки и еколошки стандарди. Ќе има работа за 250-300 луѓе, а во целосниот синџир на вработување и многу повеќе.

Вака го почнува интервјуто за српски “Новости“, Светозар Јаневски, сопственик на винаријата Тиквеш и од неодамна закупец на белградската пиварница „БИП“ за 50.000 евра месечно.

-Синдикатите на „БИП“ се противат на вашето доаѓање. Тврдат дека договорот со вас е штетен. Дека на државата ќе и останат долговите…

Уште од 1997 година се обидувам да дојдам до “БИП“. Сакав и да ја купам, но не ми дадоа. 

Не е точно. Уште од 1997 година се обидувам да дојдам до “БИП“. Сакав и да ја купам, но не ми дадоа. За жал, помина премногу време и „БИП“  пропаѓаше. Кумулираните загуби пораснаа до 33 милиони евра, обврските кон државата уште 25 милиони. Денес „БИП“ функционира така што дури 43% од приходите оди  на плати, а на енергија уште 15%. На ваков начин во овој бизнис нема шанси да се работи, а секој српски даночен обврзник мора тоа да го покрие.

-Како вие мислите да ја свртите моменталната ситуација?

Зад себе имам 30 години искуство во пиварството. Кога во ’88 и ’89-та го крчмеа државниот имот, јас го чував и зголемував. Скопската пивара ја модернизирав, ги обучив работниците и станавме респектабилна компанија. За тоа сведочи податокот дека во 2010 година „Хајнекен“  ја купи за 200 милиони евра.

Сакам да вложам 30 милиони евра во модерна фабрика. Ќе задржам 150 работници, кои ќе имаат сигурна работа и можност за усовршување.

-Зошто тогаш, сепак, не ја купивте “БИП“?

Затоа што искуството ме научи да не купувам фирми со огромна деловна историја на неразрешени односи. Кога го купив „Тиквеш“, изгубив цели пет години заради судски процеси. “БИП“ е преполн со такви „опашки“, од земјиште под реституција до името. Преговарам со државата да ми доделат плац. Сакам да вложам 30 милиони евра во модерна фабрика. Ќе задржам 150 работници, кои ќе имаат сигурна работа и можност за усовршување. Веднаш ни се потребни 30-35 возила, исто толку продавачи, возачи. Ќе има работа.

Кога во 2001 година сакав да ги натерам „Кока Кола“ и „Хајнекен“ да ја купат токму „БИП“, нив не ги интересираше фабриката, технологијата, туку само пазарот. 

-Како мислите да се борите со конкуренцијата кога овде работат три мултинационални пиварски компании?

Пред се’ „Тиквеш“ во Србија има разработен дистрибутерски  и продажен тим, кој што „БИП“ ќе може веднаш да го користи. Идејата е покрај „Тиквеш“ и „БИП“ да го преземам и хрватски „Бадел“ кој што е во проблеми и да ги заокружам сите сегменти од вино, пиво, па до жестоки пијалоци. Иако сум Македонец, јас и Белград и Србија, и целиот регион го доживувам како свој. Имам емоција и сакам нешто да направам. Кога во 2001 година сакав да ги натерам „Кока Кола“ и „Хајнекен“ да ја купат токму „БИП“, нив не ги интересираше фабриката, технологијата, туку само пазарот. Не сакам „БИП“ да ја носам никаде. Сакам да остане тука и да биде успешна. Како и во „Тиквеш“, така и овде, во кус период нема да имам никаква заработка.  Можеби некое мое следно колено ќе има. Ова е вложување во иднината.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×