“Келтскиот тигар“ повторно на нозе: Ирска има најголем економски раст во ЕУ
Објавено на од во Економија
Откако силно страдаше од големата светска криза во 2008-та, Ирска спроведе  реформи, ги зголеми даноците  и ја намали државната потрошувачка

 

Ирската економија порасна за 4,8% минатата година, што е најголема стапка на раст меѓу членките на ЕУ, а постигната благодарение на спроведените структурни реформи и намалената државна потрошувачка.

Откако во 2013 БДП-то порасна за само 0,2%, во 2014 ирската економија скокна за 4,8%, објави минатата недела тамошниот Централен завод за статистика. Тоа е значително повеќе од просечниот раст на ЕУ од 1,3% и на еврозоната од 0,9%.

Ирска оствари силен раст откако кон крајот на 2013-та излезе од меѓународната програма за помош на ЕУ и ММФ, со оглед  дека претходните години спроведе структурни реформи и длабоки резови во државната потрошувачка, ги зголеми даноците, продаваше државен имот…

По две децении на речиси двоцифрен раст годишно, поттикнат со евтини кредити и процут на градежниот  и технолошкиот сектор, некогашниот “келтски тигар“ силно го потресе глобалната финансиска криза што почна во 2008 година. Остро паднаа цените на недвижностите, што доведе до колапс ба банкарскиот сектор, па Ирска во декември 2010-та побара пакет помош од ЕУ и ММФ вреден 85 милијарди евра.

Ирската влада проценува дека годинава растот ќе биде 3,9% со што земјата повторно ќе биде со најголем раст на економијата меѓу членките на ЕУ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×