Кембриџ Аналитика, фирмата во центарот на скандалот со Фејсбук, прогласи стечај
Објавено на од во Политика

Cambridge analitikaБританската интернет аналитичка компанија Кембриџ Аналитика, компанија која што се најде во центарот на скандалот поради злоупотребата на личните податоци на над 80 милиони корисници на Фејсбук во политчки кампањи, соопшти дека прогласува банкрот.

Компанијата Кембриџ Аналитика одлучи да престане со работа после огромната загуба на клиенти откако беше откриено дека податоците на милиони корисници на социјалната мрежа Фејсбук завршиле во рацете на оваа консултантска компанија и истите биле злоупотребени за политички кампањи.

Компанијата е обвинета дека злоупотребила лични податоци на речиси 87 милиони корисници на Фејсбук кои што ги споделувала со политички клиенти и останати консултантски компании.

Кембриџ Аналитика има седиште во Велика Британија, а синоќа челниците на компанијата им соопштиле на вработените да ги вратат своите картички и компјутери, затоа што компанијата престанува со работа.

Првите луѓе на компанијата за британските медиуми изјавиле дека после скандалот кој што изби околу Фејсбук, Кембриџ Аналитика ги загубила сите големи клиенти, по што компанијата морала да прогласи банкрот.

Портпаролката на компанијата, Кларенс Мичел за „БиБиСи“ изјавила дека таа компанија во последните месеци била на мета на бројни неосновани обвинувања и покрај сите обиди да ги исправи работите.

Според Мичел, активностите на Кембриџ Аналитика не само што не биле илегални, туку тие биле широко распространети во онлајн огласувањето како и во политичките, така и во комерцијалните арени.

За разлика од Кембриџ Аналитика, работите воопшто не одат во таква насока и за Фејсбук, туку напротив, од најголемата социјална мрежа на светот неодамна се пофалија дека профитот во првиот квартал од оваа година бележи рекорден скок, а исто така се зголемил и бројот на активни корисници.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×