Кеш или картичка, какви се платежните навики на Македонците?
Објавено на од во Економија
Употребата на картички се зголемува, но сепак голем број на стоки, а пред сè услугите, не можат да се плаќаат на овој начин.
Cash-or-credit-card-in-EuropeФризерите, козметичарите, мајсторите… често одбиваат  „пластични пари“, како и многу други професии предимно од услужниот сектор.
Причината е едноставна, многу бизниси не сакаат картички затоа што не им се плаќаат трошоците што ги сноси прифаќачот на картичката. Кога провизијата е значително поголема, висината на трошоците што одат на сметката на примателот на картичката се пренесува на оној што плаќа.
Сепак, употребата на готовина не е иста насекаде и нема никаква врска со развојот на земјата. На пример, во Холандија, 27% од набавната вредност се плаќа во готово, во Германија 55% и во Австрија дури 67%.
Кај нас, согласно објавените податоци на Народната банка во текот на 2018 година реализирани се вкупно 5.435.285 онлајн трансакции, кон 4.293.214 онлајн трансакции во текот на 2017 година што претставува поаст од 21%.
Македонските граѓани лани потрошиле 133,7 милиони евра онлајн и што е за 23,8 милиони евра или 17,8% повеќе во однос на претходната година.  Повеќе се купувало од странски веб страни, но забележано е купување и на производи од домашни е-продавници.
Анализата на Македонската асоцијација за е-трговија покажува дека граѓаните во текот на 2018 година стекнале повеќе доверба кон е-трговијата и онлајн нарачките и дека има пораст и на бројот и на вредноста на трансакциите со домашни картички, онлајн, кон домашни и странски онлајн трговци.
Поголемиот дел или 64% од вредноста на трансакциите реализирани со платежни картички издадени во земјава се одеале во странство, односно се реализирани кон трговци надвор, додека 36% од трансакциите се реализирани кон онлајн трговци во земјава.
Во текот на 2018 година странците двојно го зголемиле бројот на трансакции направени онлајн кон македонските онлајн продавници.
Имателите на платежни картички издадени во странство значително го зголемиле бројот и вредноста на онлајн трансакциите. Бројот на онлајн трансакции реализирани во 2018 година, во корист на виртуелни места на продажба во земјава бележи пораст од 132 отсто во однос на 2017 година.
Она што е особено значајно за е-трговците од Македонија е дека во текот на 2018 година реализирани се вкупно 120.291 трансакција од страна на иматели на платежни картички од странска банка во корист на домашен трговец, односно, изразено во вредност вкупно 5,4 милиони евра се влеале во Македонија на име онлајн купување од странство, што претставува пораст за околу 78% во однос на 2017 година.
Ако се земе предвид вредноста на онлајн трансакциите реализирани со домашни платежни картички кон онлајн продавници во земјава од 48,1 милиони евра, надополнета со вредноста на онлајн трансакциите реализирани со странски платежни картички кон онлајн трговци во земјава од 5,4 милиони евра, може да се заклучи дека правните лица чија дејност претставува е-трговијата, односно вршат продажба на производи и услуги  во Северна Македонија приходувале вкупно 53,5 милиони евра.
Согласно податоците за бројот на уредите на виртуелните места на продажба (веб страници за е-трговија), заклучно со 31.12.2018 година во Република Северна Македонија активни се 871 продажно место.
Од компаративната анализа на купувачките навики на македонските граѓани со ЕУ просекот, се гледа дека само во категоријата облека и спортска опрема земјава е идентична со европскиот просек, односно подеднакво 64% од тие што купувале нешто онлајн последниве 12 месеци, купиле вакви производи.
Во се друго заостануваме зад ЕУ: така на пример, во купувањето производи за домаќинство онлајн, последни сме заедно со Црна Гора, односно само 13% е релативното учество на купување вакви производи во вкупниот онлајн шопинг во 2017 година, наспроти европскиот просек од 46%.
Исто така, македонските граѓани многу малку купувале прехранбени производи и производи за широка потрошувачка, односно само 5%, за разлика од просекот на ЕУ од 24%.
Изненадувачки е тоа што оваа категорија бележи значителен пад споредено со 2010 година, кога дури 17% од тие што купувале онлајн вршеле нарачки за храна и секојдневни производи.
Што се однесува до хотелско и друго сместување, Македонија е на претпоследно место во Европа, со само 10% од направените онлајн купувања и порачки во 2017 година. Просечно, 43% од поединците во земјите од ЕУ кои направиле онлајн купување во последните 12 месеци биле за хотелско и друго сместување.
Според анализата на АЕТМ, дури 73% во последните три месеци купиле само еднаш до два пати преку интернет, со што сме “лидери“ во Европа, на пример тој процент во Луксембург е само 18%.
Најголем дел од Македонците купуваат најмногу во вредност до 50 евра, што е и очекувано согласно царинските прописи за увоз. Од тие што купувале онлајн во странство во последните 12 месеци најмногу, или 63% купиле електроника, облека или играчки како резултат на атрактивни понуди на сајтовите во Кина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×