Кежаровски на чело на новинарскиот протест за негово ослободување
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Најавениот протест на новинарите против одлуката на Апелацискиот суд-Скопје за затворска казна за Томислав Кежаровски, беше предводен токму од осудениот новинар. Тој денеска беше пуштен на слобода со решение од Управата за извршување на санкции за прекин на издржувањето на казната, донесено по барање на директорот на затворот „Скопје“, поради здравствената состојба на Кежаровски. На 18 февруари треба да се врати во затворот познат како Шутка, кадешто итно беше пренесен во петокот (16 јануари), откако Апелацискиот суд му ја намали на две години првичната затворска казна од четири и пол години.

На протестот новинарите добија поддршка од невладини организации, од политички партии, од граѓани, кои сите, со маски со ликот на Кежаровски на лицето, порачаа дека „освен слобода за него, друго не прифаќаат“, зашто сѐ друго би значело дека сите ќе ја делиме судбината на осудениот новинар, односно оти „ќе нема кој да зборува за неправдите, ако новинарите се во затвор“.

Протестантите најпрво се собраа пред Апелацискиот суд, а потоа продолжија кон Владата. Во привите редови, покрај Кежаровски, беа претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Насер Селмани, лидерот на Самостојниот синдикат на новинарите, Тамара Чаусидис, како и уредникот во „Нова Македонија“ во времето кога Кежаровски беше уапсен, Зоран Димитровски.

„Носам пенкало, за да бидам посилен“, изјави Кежаровски.

„Можат да затвораат новинари, но, не и слободата што е во нас. Не сме толку наивни за да веруваме во нивните приказни дека судовите се независни. Знаеме дека зад затворањето на Кежаровски се кријат луѓето во Владата. Тој е во затвор зошто оваа власт не трпи критика – таа сака монопол над вистината“, рече Селмани. Пораката на протестот симболично беше пренесена и со стотиците бели балони на кои беше испишано „Слобода за Кежаровски“, а кои беа пуштени слободно да полетаат пред Владата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×