Connect with us

технологии / компании

Kiimo е првиот македонски стартап што ќе прибира инвестиции преку Funderbeam – водечки инвеститор е домашната компанија Eurovia

Ќе заживеат ли конечно crowdfunding платформите во Македонија

објавено

на

Kiimo разви апликација којашто делува во сегментот на економија на споделување (sharing economy) и го демократизира начинот на доставување пратки преку вклучување на сите луѓе во процесот на достава. Eкслузивен застапник во нашата држава на естонската платформа за crowdfunding финансирање, Funderbeam, е Македонска берза АД Скопје. Преку оваа платформа македонските стартапи имаат можност за пазарно финансирање во зависност од нивната иновативност и конкурентност.

Давид Павловски од Kiimo и Елмедин Адеми од Eurovia во просториите на Македонска берза го потпишаа договор со којшто Eurovia ќе стане водечки инвеститор во crowdfunding кампањата со која Kiimo ќе се обиде да прибере средства на Funderbeam. На останатите фотоси се претставниците на Македонската берза, застапникот на Funderbeam во земјава, како и на  SEEUTechPark и ФИТР коишто ја поддржаа оваа иницијатива.

Деновиве  во просториите на Македонска берза АД Скопје, компанијата Eurovia и стартап компанијата Kiimo потпишаа договор за инвестирање со кој македонската компанија Eurovia се обврза да биде т.н. водечки инвеститор во Kiimo, со цел обезбедување на клучниот услов за отпочнување на кампања за прибирање дополнителни финансиски средства од страна на Kiimo преку глобалната иновативна crowdfunding платформа Funderbeam. Како што е познато, екслузивен застапник во нашата држава на естонската платформа Funderbeam е Македонска берза АД Скопје. Преку оваа платформа македонските стартапи имаат можност за пазарно финансирање во зависност од нивната иновативност и конкурентност, а домашните инвеститори прилика да вложат во бизнис проекти во кои ќе препознаат добар потенцијал.

Ова е прв случај на класична корпоративна инвестиција од една македонска компанија во македонски стартап.

Секоја кампања на Funderbeam мора да има водечки инвеститор. Водечкиот инвеститор може да биде било кој правен субјект или физичко лице кои имаат добри познавања на бизнисот и економијата и оформена слика за инвестицискиот потенцијал на компанијата која ќе се обиде да прибере средства преку Funderbeam од други помали инвеститори од земјата и странство. Водечкиот инвеститор и самиот инвестира, со што демонстрира доверба во позитивните перспективи на компанијата.

Водечкиот инвеститор во стартап компанијата Kiimo, за потребите на нејзината престојна кампања на Funderbeam е компанијата Eurovia. Во оваа прилика г-дин Елмедин Адеми, извршниот директор на Eurovia изјави: „Како компанија која сопствениот почеток го има засновано врз претприемништвото и иновативноста, препознавме силна бизнис можност во овој проект. Впрочем, семејните вредности кои ги вградивме уште на почетокот во градежништвото, денес прераснаа во широк спектар на индустрии кои ја сочинуваат нашата групација која силно расте во земјава, но и во регионот. Нашата стратешка цел е да бидеме вистинска инвестициска компанија, фокусирана на иновации, нови технологии и динамичен развој. Токму затоа Eurovia ќе го поддржи овој стартап, затоа што делиме слични визии за тоа како можеме да го менуваме светот на подобро.“

„Навистина ми е драго што домашна компанија го препозна потенцијалот на еден македонски стартап. Иако Kiimo веќе има подигнато инвестиции надвор од земјава, нашиот следен потфат е оперативното стартување да започне токму од Македонија и Хрватска, за што подготвуваме многу изненадувања. Практично, со оваа инвестиција и кампања, конечно ја ставаме во употреба технологијата која ја развивавме веќе подолго време, а со која целосно ќе го промениме начинот на достава на пратки во урбаните средини.“ изјави г-дин Давид Павловски, основач на компанијата Kiimo.

Kiimo апликацијата делува во сегментот на економија на споделување и го демократизира начинот на доставување преку вклучување на сите луѓе во процесот на достава.

Инвестицијата и отпочнувањето на кампањата се потпомогнати од SEEUTechPark и поддржани од ФИТР чии претставници присуствуваа и на потпишување на договорот.

За почетокот на кампањата на Kiimo преку платформата Funderbeam македонската јавност и сите заинтересирани потенцијални инвеститори ќе бидат дополнително благовремено информирани.

Како функционира Funderbeam

Директорот на Funderbeam SEE со седиште во Загреб, Дамир Бичаниќ, пред извесно време беше во Скопје да ја презентира платформата и тогаш  ја објасни технологијата на функционирање на Funderbeam:

„Во принцип, Funderbeam има сопствен процес на филтрирање која компанија може да пристапи на платформата и да се обиде да прибере капитал. Ние не ја ставаме која било компанија на платформата, туку ќе има првична проценка дали фирмата има развиено прототип за својот производ, односно до која фаза во развојот на бизнисот е стигнато. Битно е дека не се финансираат идеи, туку треба да постои регистриран фирма. Ако се оцени дека фирмата има потенцијал да се стави на платформата, тогаш претприемачите во содејство со некој што Funderbeam го нарекува водечки инвеститор, своевиден ментор, човек со успешни деловни проекти или бизнис background зад себе, заедно ја претставуваат идејата пред сите инвеститори на Funderbeam, односно почнуваат т.н. инвестициска кампања. Тоа е проследено со соодветно промо видео со кое се објаснува т.н. business case. Инвеститорите индицираат дали имаат интерес и потоа Funderbeam им пристапува и ги прашува дали се дефинитивно заинтересирани, па во тој случај уплаќаат средства на сметка на специјална компанија (SPV – Special Purpose Vehicle) што се формира во државата во која работи Funderbeam и која би станала ко – сопственик во македонската компанија што сака да прибере парични средства. Tој SPV практично претставува единствен нов сопственик којшто настапува пред сите инвеститори кои вложиле во македонската компанија. Со тоа стартапот што е во потрага по финансиери нема да треба да комуницира со десетици или стотици нови инвеститори, туку со еден кој ќе ги застапува нивните интереси и ќе му помага преку менторство на стартапот.“, објасни Бичаниќ. 

Минималното вложување за поединечен мал инвеститор во еден стартап преку платформата изнесува 100 евра. Платформата користи blockchain технологија, а вложувањата на инвеститорите претставуваат дигитални записи, односно токени. На пример, за 100 евра вложени се добиваат 100 токени, со коишто потоа може и да се тргува преку Funderbeam, односно иницијалните вложувачи може слободно да ги продаваат своите инвестиции (токени), доколку сакаат и доколку има заинтересирани купувачи. Инаку, вредностите кои ги овозможува платформата Funderbeam, исто така, се признаени од страна на основачот на Skype,  Јаан Таалин, еден од првите инвеститори во Funderbeam.

Компанијата  која ќе одлучи да прибере капитал преку оваа напредна платформа за crowdfunding, ќе има сеопфатна логистичка поддршка на тимот на Funderbeam. Funderbeam ги проверува идентитетите на инвеститорите, ја испитува стручноста на водечките инвеститори и го разгледува квалитетот на бизнис плановите на стартапите, како и нивната подготвеност да комуницираат со инвеститорите и нивниот потенцијал за раст. Откако компанијата ќе се одлучи за Funderbeam, може да смета на активна поддршка во презентирањето на својот бизнис концепт во сите фази на финансирање.

Она што е Uber во превозот, Kiimo сака да биде во т.н. urban delivery сегмент

Kiimo ltd., регистриран во Лондон, а со тим за развој во Скопје, каде што живее  и работи и Давид Павловски, разви апликација којашто ќе помогне буквално секој од нас да може да биде доставувач на некаква пратка до одредена адреса. Апликацијата е софтвер којшто на едно место ќе ја спои побарувачката и понудата за испорака на било што, односно, некој што сака да испрати пратка до некого ќе може да види кој може тоа да го стори најбрзо и најсигурно.

Едно од сценаријата коишто ќе се случуваат со помош на платформата  на Kiimo, како што ни објасни Павловски,  е следново:  вие сте, да речеме, човек којшто секојдневно патува со автобус, автомобил, со велосипед или пешки, сеедно, од точка А до точка Б во некое одредено време. Се пријавувате на апликацијата, креирате свој профил, и станувате потенцијален доставувач на некаква пратка. Кога некој што сака да испрати кутија од омилените колачи купени во слаткарница што е лоцирана во близина на точката А на својата најмила која што живее во реонот на точка Б, тој ќе постави барање за достава преку апликацијата, а вие, којшто сте онлајн, добивате нотификација дека има потреба за достава на пратка токму во вашиот правец на движење. Софтверскиот алгоритам веќе утврдил дека според одредени параметри вие сте најсоодветниот доставувач на пратката и затоа ве избира токму вас. Ако вие во рок од 10 секунди не ја прифатите понудата, таа се испраќа до следниот најсоодветен доставувач што софтверот ќе го одреди. Тој што ќе ја испорача пратката, ќе добие соодветен надомест за услугата, а процент од таа сума останува за Kiimo.

„Софтверот по принципот на машинско учење (machine learning) постојано ќе се надградува со податоци за самите на апликацијата – на пример, за нивните дневни рутини на движење, навики за купување и сл., со цел да прави колку што е можно поквалитетно спојување на побарувачката и понудата за брза испорака на пратки“, вели Павловски.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

банки4 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија2 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки3 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки3 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју3 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија5 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up1 недела ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании1 недела ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион1 недела ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија1 недела ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите