Ким Џонг Ун: Состанокот со Трамп е историска можност за посветла иднина
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, го оцени претстојниот состанок со американскиот претседател Доналд Трамп како „историска можност“, разговарајќи со шефот на американската дипломатија, Мајк Помпео, кога последниот бил во Пјонгјанг, објави севернокорејската агенција KCNA (Korean Central News Agency).

Ким рекол дека самитот со Трамп ќе биде „историски состанок“ и „одличен прв чекор“, додавајќи оти ќе се подобри ситуацијата на Корејскиот полуостров, и „ќе се изгради убава иднина“.

Лидерот на Северна Кореја првпат јавно го споменува претстојниот состанок со Трамп.

Помпео беше во Пјонгјанг за да ги договори деталите за состанокот што треба да се одржи следните недели, како и поради ослободувањето на тројцата Американци кои беа заробени во Северна Кореја.

Местото и датумот на состанокот Ким-Трамп би требало да бидат соопштени наскоро.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×