Кина ги намалува даноците за да ја заштити својата економија од трговската војна
Објавено на од во Економија

KinaКина бара нови начини да ја потпомогне забавeната економија, додека трговската војна со САД ескалира. Официјален Пекинг објави низа мерки, вклучително и намалувања на даноците, инфраструктурни инвестиции и нови кредити за компаниите во обид за заживување на економскиот раст, кој започна да забавува во последниве месеци.

Даночните намалувања за бизнисот се релативно мали – во вредност од околу 10 милијарди долари – но тие се само дел од многу поголемата инјекција на пари во банкарскиот систем во последниве недели, со цел поттикнување на економската активност.

Кинеската влада соопшти дека новите стимулации имаат за цел да й помогна на земјата да се справи со “неизвесното надворешно опкружување”.

Кина ги обвини САД за започнување на трговска војна со воведување на царини на кинескиот извоз во вредност од неколку милијарди долари. Кинеските власти одговорија со контра царини за американските производи.

Кинеската економија, која е втора најголема во светот, порасна за 6,7% во вториот квартал, што е најниска стапка на раст во последните две години. Проценките на властите се дека трговските конфликти со САД ќе ја погодат економијата во втората половина годинава, но сепак ќе се оствари зацртаниот економски раст за годинава од 6,5%.

Од почетокот на јуни, Народната банка на Кина инјектираше околу 180 милијардо долари во финансискиот систем преку обезбедување на нови заеми.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×