Кина ги предупреди светските технолошки гиганти поради Хуавеј
Објавено на од во Економија
Минатата недела кинеската влада  повика претставници на големите технолошки компании, како Microsoft, Dell и Samsung, за да ги предупреди дека ќе бидат исправени пред “тешки последици” ако го почитуваат законот и се сообразат со забраната да работат со Huawei, издадена од американскиот претседател Доналд Трамп, пишува The New York Times. Информациите беа потврдени и од страна на Ројтерс.
phone huaweiСредбите беа оддржани во вторникот и средата и доаѓаат непосредно по најавата дека Пекинг подготвува листа на “недоверливи компании” – потег на кој се гледа како на одмазда против забраната.
Деталите за состаноците, весникот ги добил од две лица кои учествувале во нив. Во Пекинг беа повикани и претставници на британскиот производител на чипови ARM, како и на јужнокорејската SK Hynix. Официјално, компаниите не споделуваат детали од разговорите со кинеската Национална комисија за развој и реформи. Исто така беа присутни претставници на кинеското Министерство за трговија и Министерството за индустрија и информатичка технологија.
Најопшто, предупредувањата изгледаат како обид за спречување на падот на сложените синџири на снабдување, кои ја поврзуваат економијата на Кина со остатокот од светот. Поради зголемената тензија меѓу Вашингтон и Пекинг, голем број компании веќе бараат начин да го преселат производството надвор од Кина, за да се намали долгорочниот ризик.
За време на состаноците, Пекинг експлицитно ги предупредил компаниите дека секое преместување на производството, кое самата земја ќе го смета за неповрзано со стандардната диверзификација, може да резултира со казни.
Претставниците на власта, исто така, имаат различни пораки до компаниите, без оглед дали се американски или не. Оние во САД се предупредени дека ако ја следат забраната на Трамп, можат да се соочат со трајни последици. Им било советувано да лобираат против одлуката на нивната влада.
Кина за прв пат не ги користеше американските технолошки гиганти како преговарачка алатка. Во 2015 година, за време на кинеската посета на САД, претседателот Си Ѕинпин одлучи да застане во Сиетл пред да пристигне во Вашингтон. Потоа се состана со голем број високи раководители за да ги истакне економските врски.
Меѓутоа, малку е веројатно дека американските компании ќе бидат под притисок од Пекинг, бидејќи тоа би значело дека тие не се придржуваат кон законот во сопствената земја.За компаниите надвор од САД нема да има последици сè додека ја продолжат својата нормална работа со нивните кинески колеги, изјавиле претставници на владата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×