Кина го протресе светот на криптовалутите
Објавено на од во hi-tech & business

Криптовалутите во последно време се жешка тема, а најпопуларната меѓу нив, биткоинот, минатиот викенд накратко ја допре цената од 5.000 долари, по што следеше пад на нејзината вредност.

Како прво, падот на центата под 5.000 долари за еден биткоин донекаде е очекуван, зашто на ова ниво се активирани механизмите на распродажба, како што често е случај и на светските берзи. Цените на стоките, на акциите, па така и на (крипто)валутите често се движат околу таканаречените психолошки нивоа, што обично се некои „заокружени“, за окото пријатни бројки. Затоа не треба да зачудува што многу инвеститори во биткоин дадоа налози за впаричување на нивните влогови кога се оствари целената цена од 5.000 долари – па, веднаш по постигнувањето на ова ниво биткоинот сврти кон „црвено“.

После ова Кинеската централна банка донесе одлука со која во најнаселената држава се забрани собирање капитал преку иницијални јавни понуди на коини (ICO), наместо акции. Оваа практика најчесто се вршела во втората по популарност криптовалута, етериумот. Но, како што велат Кинезите, иницијалните понуди на коини не се легален начин за собирање капитал и често функционираат како пирамидални структури и измами. Затоа забраната во Кина стапила на сила веднаш, а државата им наредила на сите кои преку ICO собрале одредени суми пари, да ги вратат на инвеститорите.

Дополнително, забраната на ICO е веројатно само прва, велат кинеските регулатори, во низата строги мерки за надзор и за регулирање на пазарот на криптовалути.

Овој настан изврши дополнителен притисок на вредноста на сите криптовалути, па биткоинот го продолжи својот пад, и опасно се приближи на неодамнешното ниво од 4.000 долари. Падот е речиси 20% за неколку дена. Етериумот во истиот периот падна од околу 380 долари, на околу 280 – што е пад од над 25%.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×