Кина и САД ги обновуваат трговските преговори
Објавено на од во Економија
Делегации на Кина и на САД ќе се сретнат денеска и утре во Шангај за обновување на трговските преговори.
уса цхТоа се првите тет-а-тет разговори од примирјето во трговската војна меѓу двете најголеми светски економии, кое претседателите Доналд Трамп и Си Џинпинг го договорија на средбата на Форумот на Г20 во Осака минатиот месец.
Очекувањата за постигнување напредок се мали. Претставници на властите и бизнисот се надеваат дека Вашингтон и Пекинг ќе успеат да ги утврдат своите ангажмани за „гестови на добра волја“ и да го расчистат патот за идни преговори.
За повеќе од една година, двете најголеми економии во светот воведоа меѓусебни давачки за увозот за милијарди долари. На самитот во Осака, Трамп и Си договорија обновување на преговорите за решавање на трговските несогласувања, кои прекинаа во мај, откако Вашингтон го обвини Пекинг дека се повлекува од претходно договорените точки.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×