Кина истура милијарди во регионот на Источна и Централна Европа
Објавено на од во НАВИГАТОР

3174b9ca-2a3c-4829-b324-6d7878435924Евроспката унија загрижена за се поголемото кинеско влијание

Самитот 16+1 за соработка на земјите од Централна и Источна Европа со Народна Република Кина уште еднаш на голема врата ја промовираше Кина како важен играч во регионот.
И додека земјите од Централна и Источна Европа гледаат на Кина како на богат финансиер за изградба на лошата инфраструктура во регионот, Европската унија стои настрана и загрижено следи како тесните врски кои официјален Пекинг, полека, но сигурно ги инсталира во регионот ќе влијаат врз неговата политика.
Брисел е збунет додека Кина му пружа рака на истокот на Европа“, наведува британски Фајненшал тајмс во текст во кој неименуван дипломат открива дека за самитот 16+1 поприлично се зборува во ЕУ.
“Ваквиот регионален пристап наидува на голема скептичност, не само во Брисел, туку и во престолнините на бројни членки на ЕУ“, вели анонимен извор на весникот.
Друг висок дипломат на една од европските земји тврди дека ова е само „врвот на сантата мраз“.

 

„Самитот 16+1 влијае врз низа нешта, а некои од нив навлегуваат и во компетенциите на ЕУ или одат кон нови области во кои веќе постојат иницијативи меѓу самата ЕУ и Кина“, вели тој.

Како што се забележува во анализата, додека учесниците на самитот ја фалат иницијативата, во Брисел дипломатите се плашат дека Кина ќе го искористи 16+1 за да ги поткопа правилата на ЕУ и да ги искористи тензиите на истокот и западот во самиот блок.

Се истакнува дека „кинеската ѕвезда“ се крева на небото на земјите на истокот на Европа, дел од кои веќе склучиле големи инфраструктурни зделки со Кина.

Како две големи грижи за ЕУ се издвојуваат „поголемите напори да се користи влијанието во централна и источна Европа за да се влијае врз заедничката европска политика кон Кина“, како и тоа што „некои од земјите од 16+1 своите врски со Кина ќе ги искористат за подобри преговарачки позиции со Брисел“.

„Европските дипломати стравуваат дека таквата динамика може да влијае врз ефикасноста на Брисел во често комплицираните односи со вториот најголем трговски партнер. Кина бара гарантирани договори за своите компании, што е спротивно на пазарните правила во ЕУ и прописите околу јавните набавки“, се наведува.

ФТ потсетува дека „тензиите се веќе високи“ и дека германскиот вицеканцелар Зигмар Габриел крена голема прашина во Кина со изјавата дека Пекинг треба „да го почитува концептот Европа и дека, доколку Европа нема единствена стратегија кон Кина, Кина ќе успее да ја разедини Европа“.

Европа се плаши и од зделките кои се склучуваат на самитот 16+1, а британскиот весник истакнува дека има повеќе такви кои се „контроверзни“. Главно станува збор за немање тендери и склучување договори кои ЕУ во моментов ги истражува за да се утврди дали ги кршат правилата на Унијата.

За време на Самитот, сите премиери од земјите од регионот, како и македонскиот премиер Зоран Заев остварија средба со кинескиот премиер Ли Кечијанг.
Премиерите на Македонија и Кина се согласиле за што побрзо завршување на проектите од коридорите 8 и 10 каде што и кинеската држава учествува со свои пари. 
“Народна Република Кина е докажан пријател на Македонија, а нашите билатерални односи се исклучително добри и очекувам плодна соработка меѓу нашите две држави во иднина”,изјавил премиерот Заев, кој посочил дека Македонија е подготвена со повеќе конкретни проекти да аплицира за поволните кинески кредитни линии.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×