Кина неочекувано ја собори клучната теза на Трамп
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

На Кина во февруари неочекувано ѝ се случил прв трговски дефицит за три години. Увозот пораснал повеќе од очекуваното, како резултат на големата побарувачка за суровини од железна руда до сурова нафта и јаглен.

Увозот на Кина во февруари пораснал за 38,1% во однос на година порано, што е најголем раст од февруари 2012 година, додека извозот паднал за 1,3%, покажуваат официјалните податоци на кинеската царинска управа, како што пренесе Ројтерс.

Од овие причини Кина прокнижила трговски дефицит од 9,15 милијарди долари во февруари.

Изненадувачкиот дефицит доаѓа во момент кога новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп насочува сѐ поголемо внимание на големиот суфицид на Кина во трговијата со САД.

Имено, Трамп во интервју за Ројтерс минатиот месец рече дека Кина е „голем шампион“ во манипулацијата со валутата, што нејзиниот извоз го прави поевтин.

Суфицидот на Кина во трговијата со САД во февруари падна на 10,42 милијарди долари, што е најмал суфицид од февруари 2014 година. Кинескиот извоз во САД паднал за 4,2%, додека узвозот од САД е зголемен за 38%.

Сепак, заедничките резултати за јануари и февруари покажуваат дека кинеската трговија пораснала за 13,3% во однос на истиот период лани, што укажува на реално подобрување на побарувачката како дома, така и во странство.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×