Со цел задоволување на растечката побарувачка, Кина од Boeing ќе купи 300 авиони во зделка вредна 37 милијарди долари.
Оваа вест доаѓа по состанокот на американскиот претседател Доналд Трамп со кинескиот колега Си Џинпинг.
Кинеските авиокомпании купуваат голем број авиони поради предвидувањето дека наскоро ќе ги претекнат САД како најголем пазар за авионско патување. Ова би требало да се случи за пет години, велат соодветните анализи. Кинеската држава претходно направи големи нарачки преку централизиран купувач, пред авионите да ги распореди меѓу своите авиокомпании.
Airbus при посетата на Џинпинг на Берлин во јули објави дека договориле испорака на 140 авиони за 22 милијарди долари.
Голем пазар се случи и во септември 2015 година, кога Џинпинг тргна во својата прва официјална посета на САД. Тогаш со Boeing договори зделка од 38 милијарди долари.