Кина одбила барање на грчка компанија за употребата на терминот „македонско“
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
За прашањето околу трговските марки кои останаа отворени по потпиувањето на Договорот од Преспа, можете да прочитате повеќе во анализата која ја направи Капитал.
IntellectualProperty-2Кина, на 23 минатиот месец, одбила барање од грчка компанија за употреба на терминот „македонско“, со образложение дека потребна е дозвола за употреба од соседната земја, откри Мариа Спираки, портпаролката на грчката опозициска партија Нова демократија, на брифингот со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.
-Без да го откриеме името на бизнисот, ве известувам дека од страна на Кина, постои отфрлено барање на грчка компанија за користење на терминот „македонски” за нејзините производи, со образложение дека не може да се користи без дозвола од соседната земја. Отфрлањето е со датум 23 февруари 2019, рече Спираки.
Портпаролката на Нова демократија, конкретниот пример го спомена во контекст на посетата на Ципрас на Скопје, а говорејќи за трговските ознаки коментираше дека „грчките бизниси веќе ја плаќаат цената од штетниот договор“.
„Со Договорот од Преспа, владата ги остави за три години нерешени прашањата за трговските имиња, трговските ознаки и за имињата за производите од нашата Македонија“, рече Спираки.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×