Кина преку апликација ќе ја оценува лојалноста на граѓаните кон државата?!  
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Кина развила апликација за социјалните мрежи под името Sesame Credit, која на луѓето им дава оценки колку се добри како граѓани (знаејќи го критериумот на тамошната комунистичка партија многумина ова го преведуваат како оценка на послушноста кон државата). Апликацијата зема податоци од профилите на корисниците на социјалните мрежи, како и од нивните онлајн купувања. Во видеото поставено од профилот Extra Credits на YouTube се дава пример како функционира.

„Ако, на пример, на својот профил ставите слика на пекиншкиот плоштад Тиананмен (местото на големите и во крв задушени демонстрации во 1989 година) или поделите линк за колапсот на кинескиот пазар на акции, вашиот скор на Sesame Credit ќе падне. Ако, пак, поделите линк за тоа како брилјира државната економија, вашиот скор расте“.

Слично функционира и следењето на онлајн шопингот – ако купите производи што КП ги смета за вредни, како што се професионални обувки за работа, скорот расте. А ако купите нешто што е увезено од Јапонија, скорот ви паѓа. Според профилот Extra Credits апликацијата ќе создава последици и во реалниот живот. Имено, високите резултати ќе носат бенефиции за корисниците, како полесно поминување со папирологијата при земање кредит или при патување во странство. Од друга страна, „нелојалните“ потенцијално ќе бидат казнувани со побавен интернет или, во потешките случаи, со неможност да најдат работа. Апликацијата се очекува дека ќе стане обврска за сите граѓани на Кина од 2020 година, а наводно има Кинези кои веќе се натпреваруваат за повисок скор, доброволно, за да дадат пример.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×