Кина со нови норми ги притисна своите производители на електрични автомобили
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Кина го зголеми притисокот на производителите во земјата да го забрзаат развојот на електрични автомобили со зголемување на нормата планирана за првата година, но го одложи нивното претставување на јавноста за 2019 година.

Тоа е најновата мерка на Владата на Кина со која целта е земјата да се направи лидер во технологијата за електрични автомобили, бидејќи на тие возила Пекинг гледа како на начин да ја намали огромната загаденост во градовите, но и да се направи успешна индустрија.

Секоја компанија ќе мора да има најмалку 10% електрични автомобили од вкупниот број произведени возила, додека според претходниот предлог оваа норма беше 8%.

Според прописите што доцна синоќа ги соопшти Министерството за индустрија и информатичка технологија, минималната квота во 2020 година ќе се зголеми на 12%.

Оние што нема да ги исполнат квотите, ќе плаќаат такса од која ќе се финансираат тие што во тоа ќе успеат.

Претставувањето на новите електрични автомобили е одложено од 2018 на 2019 година, по предупредувањето дека само неколку производители би можеле толку рано да произведат доволно возила на пазарот.

Кина е најголем пазар за електрични возила. Продажбата на електрични и хибридни автомобили порасна за 50% од 2015 година. Поради овој факт, светските производители, вклучувајќи ги General Motors, Volkswagen и Nissan, најавија или разгледуваат заеднички бизниси со кинеските партнери за развој и за производство на електрични автомобили. Кинескиот производител BYD Auto е најголем светски производител на електрични возила, а своите производи, покрај во Кина, ги продава и во САД, во Европа и во Латинска Америка.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×