Кина воведе царини за 128 американски производи
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Кина објави дека воведува казнени царини на месо, вино, овошје и други производи од САД, а мерката влегува во сила денеска, објавија Ројтерс и БиБиСи.

Мерките засегаат производи со вредност од 3 милијарди долари и се одговор на одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп, за царини на увозот на челик и на алуминиум, што ја заостри напнатоста меѓу Пекинг и Вашингтон и ги засили стравувањата од можна трговска војна.

Од денеска кинеските царини за 8 увезени од САД производи, меѓу кои и замрзнато свинско месо и отпаден алуминиум се зголемуваат за 25%, а царините за 120 други производи за 15%.

Кинеските власти последниве недели изјавуваа дека САД треба да се откажат од мерката, а денеска објавија дека нивниот чекор е за „заштита на кинеските интереси“ и за да се компензираат загубите од одлуката на Вашингтон.

Весникот поврзан со Комунистичката партија на Кина, Глобал тајмс, објави дека „дури и Кина и САД да не изјавуваат јавно дека се во трговска војна, искрите веќе почнаа да се разменуваат“.

Администрацијата на Трамп објави дека подготвува нов список со трговски санкции за Кина, главно во областа на технолошкиот сектор. Претседателот на САД многукратно потцртувал дека е неопходно решение на проблемот со трговскиот дефицит со Кина, што е над 375 милијарди долари за минатата година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×