Кинеска компанија ги замени вработените со роботи, продуктивноста и порасна за 250%
Објавено на од во Компании
Kina roboti

Критиката на автоматизацијата и роботизацијата е тешко одржлива кога статистичките податоци јасно ги илустрираат нејзините потенцијали. Најновите докази доаѓаат од кинеската компанија “Changying Precision Technology”, која  неодамна ги замени 90% од вработените со машини и роботи ја зголеми продуктивноста за над 250%, додека учеството на грешките во производството е намаленo за дури 80%.
Во фабриката на кинеската компанија претходно работеа 650 луѓе кои произведуваа мобилни телефони. Денес за производството се заслужни 60 роботички раце, кои работат 24 часа на 10 производни линии.
Во фабриката останаа уште 60 работници, тројца се задолжени за контролирање и надгледување на производната линија, додека останатите ги надгледуваат контролните системи. Целата преостаната работа е препуштена на способните роботички раце.

Луо Веигијанфг, генерален директор на фабриката вели дека бројот на работници би требало да биде сведен на околу 20 вработени. Со оглед на ефикасноста од остварената автоматизација, веројатно нема уште долго да помине кога и останатите кинески фабрики да тргнат по стапките на оваа фабрика.

Ефикасноста меѓутоа има своја цена- човечките работни места. Истражувањата на Универзитетот Оксфорд и истражувачкиот центар Оксфорд Мартин, покажува дека постои ризик дека 47% од работните места во САД би можеле да бидат автоматизирани во следните 20 години.
При тоа нема да бидат заменети само работните места во фабриките. Со оглед на брзината со која напредува роботиката и вештачката интелигенција, машините наскоро ќе бидат во состојба да преземат работи во различни индустриски гранки и да ги извршуваат еднакво добро или подобро од луѓето.

Kina roboti 2

Дури и денес постојат роботи адвокати кои ги бранат своите клиенти, вештачка интелигенција која поставува лекарска дијагноза, новинари роботи, кои се многу често и поуспешни од луѓето.

Владите и приватните организации вложуваат сериозни напори во оваа област, посебно во делот наречен универзален основен доход, систем во кој сите граѓани во една држава имаат безусловно право на одреден паричен надомест, покрај приходите кои ги остваруваат на други начини.
Пилот проекти веќе се започнати во Индија, Канада и Финска и досега тие даваат ветувачки резултати. Прерано е да се каже дали универзалниот доход би можел да го реши проблемот со масовно губење на работа при целосна автоматизација, но тоа секако би можел да биде охрабрувачки економски потег во текот на транзициониот период.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×