Кинескиот Hisense влегува во словенечко Горење
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

GorenjeКинеската компанија Hisenese ќе биде новиот стратешки партнер на словенечката компанија Горење. Кинезите понудиле најдобра понуда за преземање на Горење, според која за една акција на компанијата за производство на апарати за домаќинство и бела техника од Велење Кинезите понудиле 12 евра за купување на најмалку 50% од компанијата. Тоа е значителна премија на моменталната цена на акцијата на Горење која се тргува по цена од 6,80 евра. Според понудената цена Кинезите ја вреднуваат Горење на 239 милиони евра. Од Горење информираат дека добиле вкупно три понуди од компании кои правеле дју дилиџенс во изминатите неколку недели, но дека понудата на кинески Hisense била најдобра. Словенечките медиуми објавуваат дека покрај Hisense, понуда за купување на Горење доставиле уште две кинески компании Haier и Hefei Meiling.

Кинеската Hisense се обврзала дека најдоцна во рок од 15 дена ќе објави понуда за преземање, а во законскиот рок и понуда за сите акционери.
Hisense-factory-11Hisense се занимава со производство за електронски апарати и телевизори. Компанијата е основана во 1969 година и има 13 фабрики во Кина, производни погони ширум светот и во Европа. Во нејзините над 20 подружници работат околу 75.000 работници.

Со оглед на фактот што во индустријата за апарати за домаќинство на запад веќе некое време се случува консолидација, беше донекаде и очекувано во Горење како стратешки партнер да се појави компанија од Азија за која Горење е интересен пред се заради продорот на европскиот пазар. На пазарот за апарати за домаќинство годишно се вртат околу 250 милијарди долари, а проценките се дека таа бројка до 2020 година ќе нарасне на 340 милијарди долари.
Горење неодамна објави дека бара стратешки партнер за да ја зголеми ефикасноста на трошоците и да го зајакне брендот. Компанијата Горење е една од најголемите извозници во Словенија, но неодамна објави дека минатата 2017 година работела со пад на профитот од 84% заради ценовните притисоци и силната конкуренција во овој сегмент на европскиот и светскиот пазар.
Меѓу поголемите акционери во Горење се International Finance Corporation (IFC) со 11,8% и јапонската Panaconic, која поседува 10,7% од акциите.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×