Кинеските инвестиции на Балканот – меч со две сечила
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Кинескиот премиер Ли Кечијанг се сретна со лидерите на земјите од Централна и Источна Европа во Хрватска. Европската Унија гледа со недоверба на групата „17 + 1″.
ceec_china-largeНа улицата имаше силен дожд, а Ли Кечијанг во тоа виде знак.
„Се надевам дека мостот Пељешац ќе биде проект со врвен квалитет, кој ќе издржи на дожд и ветер“, рече тој на 11 април.
Мостот, кој е долг 2,4 километри, мора да биде завршен до јануари 2021 година.
Неговата изградба веќе е започната. За помалку од две години, Хрватска ќе престане да биде поделена на два дела. За да го посетите историскиот град Дубровник, сега, за да го скратите патот, морате да одите преку Босна и Херцеговина.
Кинеската компанија за изградба на патишта и мостови знае дека овој проект ќе биде за неа пресвртница: гигантското кинеско претпријатие првпат добива нарачка, која 85 проценти се финансира од Европската Унија. Кина сака ова да го претвори во пример за сите нејзини иницијативи на Балканот.
„Пристаништата, железничките линии и автопатите се првото што го привлекува вниманието на кинеските компании, најверојатно, и аеродромите“, забележува Јосип Шкориќ, генерален директор на компанијата „Хрватске цесте“, која се занимава со проектот.
Во корист на Пекинг е и позитивниот став на хрватската јавност кон проектот, кој таа го смета за симбол на национално обединување.
„Понекогаш е потребен еден час за да ја преминете границата и уште толку за да се вратите. Кинеските работници почнаа да пристигнуваат минатото лето и брзо напредуваат. Тие ќе ни помогнат да го поправиме овој историски апсурд“, изјави Ивана Јарковиќ, благајничка во продавница во селото Комарна, каде што почнува мостот вреден 420 милиони евра. Во селото во моментов се сместени кинески инженери.
Вознемиреност на ЕУ
Европската Унија не се обидува да ја скрие вознемиреноста од тоа како новите членови ги отвораат вратите пред Кина, додека Брисел го зголемува тонот во дијалогот со Пекинг, нарекувајќи го „системски ривал“ и го обвинува за недостиг на симетричен пристап до своите пазари.
„На компаниите што учествуваа на тендерот воопшто не им се допадна тоа што кинеските цени беа доста пониски, но Кинезите очигледно имаат искуство, ако судиме според сегашното темпо на изградба“, вели Јосип Шкориќ.
Кинезите побараа 20 проценти помалку од нивните австриски конкуренти.
„Ако Западна Европа има некакви проекти со Кина, тогаш сè е во ред, но ако тука инвестираат кинеските компании и сè се случува без западноевропски учество, тогаш почнуваат да приговараат“, иронизира Синиша Малус од Кинеската асоцијација на бизниси во Југоисточна Европа, која го турка кинеското присуство во регионот.
Тој со задоволство го забележува масовното пристигнување на кинеските туристи, иако признава дека за привлекување поголем број луѓе се потребни директни летови и луксузни бутици, како во Милано и Париз.
Кина, без двоумење, игра на несогласувањата во економски развиената Западна Европа (на која воопшто не ѝ се допаѓа дека не може активно да го наметнува својот извоз во Централна, Источна и Јужна Европа, кои имаат потреба од инфраструктура и инвестиции) и често не се претенциозни во наоѓање извори за нивно финансирање.
Долгот кон Кина – „стапица“
Пекинг во 2012 година го почна годишниот форум со шефовите на влади на групата „16 + 1″. На состанокот во Дубровник станаа „17 + 1“ по пристапувањето на Грција. Атина веќе стана порта на Пекинг за Европа: пристаништето Пиреј е целосно во рацете на Кина од 2017 година. Сега Кина се обидува да изгради регионален инфраструктурен коридор за продажба на своите производи и зајакнување на стратешкото пријателство.
Како и да е, но забелешки на адреса на Пекинг се движат и внатре во групата „17 + 1″. Во Црна Гора, кинески работници градат дел од автопатот долг 41 километар (властите сакаат да го прошират на 165 километри до српската граница) од брегот до главниот град Подгорица. Добиениот кредит од Кина го зголеми долгот на земјата до 80 проценти од БДП, а протокот на транспорт не успеа да ја направи инвестицијата профитабилна. Државата нема средства за изградба на остатокот од автопатот.
Критичарите истакнуваат дека првпат една европска земја може да падне во „стапица за долг” на Пекинг слична на таа што веќе ја гледаме во Шри Ланка. – Кинезите го користат форматот „16 + 1“, бидејќи тој не претставува една група. Како резултат на тоа, тие можат да ги наметнат своите услови и работници во мали земји. Резултатите изгледаат контроверзни, вели еден словенечки бизнисмен.
Во исто време, кинеските предлози изгледаат крајно привлечни за другите.
„Нивните инвестиции во инфраструктурата, кои се дел од „Новиот пат на свилата“, се невидена појава на глобално ниво“, изјави Ернест Свазиќ, градоначалник на Крапинске Топлице (одморалиште со население од 4.500 лица на 45 километри северозападно од Загреб). Тој веќе имал преговори со претставници на кинеската компанија „Жонгја“, која треба да го реконструира главниот хотел во градот.
„За Кинезите ние, најверојатно, сме мала населба, но тие се однесуваат кон нас со почит“, вели тој.
Покрај тоа, Ернест Свазиќ ја задржа својата позиција за архитектурата на хотелот: Кинезите сакале да изградат висока кула, но тој сметал дека таа нема да се вклопи во пејзажот. Партнерите се согласиле да го разгледаат проектот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×