Кинескиот производител на автомобили и сопственик на брендовите Volvo и Lotus, Geely, купи 100% од американската компанија за летачки автомобили, Terrafugia. Зделката е одобрена од сите регулатори, вклучително и од Комисијата за странски инвестиции во САД.
Од Geely преземале обврска да го зголемат финансирањето на научните истражувања на компанијата. За целта веќе е создаден нов истражувачки институт, а бројот на инженерските тимови кои работат во САД се утроил.
Плановите на кинеската компанија се првиот автомобил што ќе полетува и слетува вертикално да биде готов до 2025 година.