Кинезите инвестираат 30 милиони евра во фабрика за сулфур во Србија
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Кинезите планираат инвестиција од 30 милиони евра во изградба на фабрика за сулфур во Зрењанин, северна Србија, информираше владата.
Waterfront Sulphur Piles, Port of VancouverHuatai Chemical со седиште во источна Кина планира да отвори повеќе од 100 работни места во фабриката на компанијата во Србија. Компанијата ќе снабдува суровини за  кинески гигант во производство на гуми Linglong, која исто така ќе биде присутна во Зрењанин, пренесува SeeNews.
Huatai Chemical  потпиша меморандум за разбирање со српската влада за изградба на фабриката. Според директорот за маркетинг на европската единица на кинеската компанија, Дајангар Тодудинов, компанијата се очекува да биде изградена на парцела од 8 хектари.
Фабриката ќе биде опремена со автоматски систем и ќе биде ставена во  функција за три години.
Според плановите на кинеската компанија, овој потег ќе го отвори патот компанијата да стигне до европскиот, рускиот и американскиот пазар.
Linglong веќе започна со изградба на фабрика за гуми во Србија во март оваа година. Фабриката ќе биде во вредност од 800 милиони евра. Фабриката ќе има 1.200 вработени и ќе произведува 13,6 милиони радијални гуми со високи перформанси годишно.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×